Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млади лекари трет месец чекаат да бидат викнати на пракса која ги обврзува за запишување на специјализација

0
By Marija Todorovska on March 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 7, 2024 13:45

Млади лекари во земјава веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса, која Министерството за здравство со закон ги обврзува за нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.

Ивана Баловска, од групата млади лекари, вели потребна е итна реакција од институциите, затоа што како што рече, праксата трае шест месеци и треба да заврши до септември за да имаат право да конкурираат на првиот циклус за специјализација.

– После шест години редовни студии и уште шест месеци поминат стаж за полагање на државен испит, ние сме останати во агонија и загриженост која директно се рефлектира на секој од нас. Секојдневно го слушаме парадоксот на нашиот систем, каде е очигледен е недостигот на млади лекари, а во исто време ние сме оставени во чекалната на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која ни следува со закон, истакна Баловска.

Вели доколку не се изнајде решение ќе бидат принудени да ја напуштат земјава и да отидат некаде каде што нивниот труд и знаење ќе бидат вреднувани.

– Доколку не се изнајде решение за нашата ситуација, за жал ќе бидеме дел од многу неправди кои институциите ги прават врз здравствените работници, иако си ја сакаме државата и сакаме да останеме тука, ќе бидеме принудени да ја напуштиме и да отидеме некаде каде што ќе се цени нашиот труд и знаење. Поддршка бараме и од нашите колеги, нашите професори, сите здравствени работници и граѓаните во овие моменти ќе ни значи да успееме да се избориме за нашите права да останеме во нашата држава и да дадеме придонес во развојот на македонското здравство, истакна Баловска.

Симона Ѓеорѓиевска, од групата млади лекари, вели оствариле средба со претставници од Министерството за здравство, како и со министерот за здравство, Илир Демири, по што било испратено барање за брза и итна постапка од страна на Министерството за финансии, но како што рече, одговор се уште немаат добиено.

– Дел од колегите ја започнаа платената пракса од шест месеци во итната медицинска помош и здравствените домови, додека пак останатиот дел се уште чекаме. Секојдневно сме ја вратите на институциите и бараме одговори за тоа кога ние ќе почнеме со платената пракса. Одговор се уште немаме и чекаме, истакна Ѓеорѓиевска.

Млади лекари специјализација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.