Аеродромот Пулково во Санкт Петербург, Русија, беше затворен во неделата, на 10 март, откако се запали хангар, кој се прошири на вкупна површина од 1.000 квадратни метри, јавија локалните (руски) власти. Според нив, соборен е дрон, објави ЦИВИЛ.
Други извори наведуваат дека продолжува огромен пожар во близина на аеродромот Пулково во Санкт Петербург, најверојатно предизвикан од системите за воздушна одбрана кои, наводно, собориле беспилотно летало. Пожарот ги ограничи авионските летови на аеродромот.