Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oдбележани 82 години од штрајкот на велешките гимназијалци

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2024 12:42

чениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес со премиерата „Штрајкот на велешките гимназијалци“ синоќа на малата сцена на велешкиот театар одбележаа 82 години од Штрајкот на велешките гимназијалци од 14 март 1942 година.

Текстот за претставата е според историски документи и кажувањата на единствениот и денес  жив  учесник во штрајкот, 101 годишниот  Никола Стојанов, а го напишаа учениците Кристијан Мартинов и Ива Илиевска, кои воедно и играат во претставата. Режијата и се околу претставата подготвија професорките Цветанка Карамаркова и Весна Павлова.

Во македонската историја Штрајкот на велешките гимназијалци, е познат по тоа што велешките гимназијалци од 1942 година решиле да организираат штрајк поради воведување бугарски јазик во наставата и негирање на македонскиот јазик. На денот на штрајкот 14 март 1942, учениците добиле масовна поддршка и им се приклучиле и многу граѓани на Велес, но бугарската војска и полицијата со бајонети ги растерала. По три дена, штрајкот бил прекинат, а учениците кои биле организатори и кои требало да бидат избркани од гимназијата, наместо да бидат избркани, добиле укор.

Организатори на штрајкот од 14 март 1942 биле Благој Кирков, Орце Иванов, Благој Јанушев Анче Андреев и Никола Стојанов денес 101 годишниот, единствен жив учесник во штрајкот, кој честопати доаѓа во родниот Велес и во сегашната Гимназија „Кочо Рацин“ и евоцира спомени од штрајкот пред новите генерации велешки гимназијалци и потсетува на овој значаен настан од македонската историја.

 

Во изјавата за МИА, проф. Цветанка Карамаркова вели дека тие како денешни гимназијалци се горди на овој настан и затоа решиле да го оживеат во оваа претстава, а и да актуелизираат и она што за жал и денес ни се повторува, кога се негира македонскиот јазик од соседите. Таа информира дека на претставата напорно работеле неколку месеци, но се среќни и здоволни по синоќешната премиера во преполната сала за што добија силен аплауз и пофалби за одличната изведба.

Во претставата во некои од главните улоги настапија учениците Кристијан Мартинов,Филип Настов,Изабела Жабева,Ива Илиевска,Матеј Славевски,Атанас Зафиров,Михаела Димова,Памела Миланова,Анастасија Крлева, Андреј Миров и други.

Професорките Карамаркова и Павлова планираат оваа претстава да ја претстават и на некои фестивали и да ја видат сите велешани, а ако бидат повикани и во други градови во земјава.

Велес Гимназија Кочо Рацин претстава Штрајк на велешки гимназијалци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.