Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: На денешниот Совет за надворешни работи очекувам важни одлуки за поддршката на Украина

0
By Ана Василевска on March 18, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
Жозеп Борел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 18, 2024 11:49

Се надевам дека денеска конечно ќе донесеме важни одлуки, пред се за Фондот за помош на Украина како дел од Европскиот мировен механизам во износ од пет милијарди евра, за што се разговара со недели, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Унијата во Брисел.

– Како дел од воената поддршката за Украина, која и е многу неопходна, се надевам дека конечно ќе постигнеме политички договор за користење на профитите од замрзнатите руски средства за да ги зајакнеме капацитетите за финансирање на украинската одбрана, рече Борел, појаснувајќи дека не станува збор за користење на главницата на замрзнатите средства, тука на профитите од нив.

Тој потсети и дека денеска се навршува првата годишнина од склучувањето на Договорот од Охрид меѓу Косово и Србија за патот кон нормализација на нивните меѓусебни односи.

– Времето лета, а за несреќа и покрај сеопфатната европска и меѓународна поддршка, Србија и Косово постигнаа многу ограничен напредок, рече Борел.

Најавувајќи дека наскоро во Брисел ќе се одржи нова средба на главните преговарачи на Белград и Приштина, Борел изрази жалење што овој договор, чие постигнувања, како што рече, не беше лесно, не е имплементиран.

– Ќе продолжиме со притисокот врз двете страни за да се постигне напредок, но по една година она што е имплементирано е далеку од она што очекував да биде постигнато, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ се осврна и руските претседателски избори спроведени во претходните три дена, нагласувајќи дека тие не беа слободни и фер, беа одржани беа мониторинг од ОБСЕ и во строго рестриктивен амбиент.

– Овие избори беа одржани во услови на репресија и заплашување и беа спроведени на украинските окупирани територии со што е прекршен суверенитетот на Украина, нагласи Борел.

Тој најави дека очекува Советот да донесе одлука за воведување на санкции поврзани со „убиството“ на рускиот опозициски лидер Андреј Навални, за Хамас, како и за насилните еврејски доселеници на Западниот Брег.

Во однос на случувањата на Блискиот Исток, Борел истакна дека пред почетокот на конфликтот Газа беше најголемиот затвор на отворено, а денес е најголемата гробница на отворено.

– Тоа е гробница за десетици илјади лица и гробница за многу од најважните принципи на меѓународното хуманитарно право. Ситуацијата во Газа е тажна и се надевам дека министрите ќе расправаат со цел да се утврди заеднички став во пресрет на Советот на ЕУ, додаде Борел.

Тој изјави дека две земји членки на ЕУ побарале преразгледување на Договорот за асоцијација меѓу Унијата и Израел, најавувајќи дека ќе го покрене оваа прашања за политичка дебата на денешната средба.

– Не говориме за целосна суспензија на Договорот, такво нешто треба да предложи Европската комисија, туку за политичката димензија базирана на почитување на хуманитарното право регулирана со член два од Договорот, додаде Борел.

Тој нагласи дека јавното мислење во ЕУ се повеќе бара акција поврзана со случувањата на Блискиот Исток, потенцирајќи дека во услови кога луѓето во Газа гладуваат и умираат во глад, неприфатливо е во магацините со хуманитарна помош во Египет да има резерви на храна за неколку месеци.

-Тоа е нешто што бара некаква реакција, не само изразување загриженост, туку и носење политичка одлука. Се надевам дека Советот ќе дискутира за ова, па ќе видиме, рече Борел.

Тој потсети дека главни теми на денешната средба на Советот за надворешни работи ќе бидат руската агресија врз Украина, случувањата во Белорусија, состојбата во Газа и настаните на Хаити, како и дека европските шефови на дипломатиите преку видео конференциска врска ќе имаат размена на мислења и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Жозеп Борел ПОМОШ ЗА УКРАИНА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.