НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна обновата на старото училиште во Љубојно што ќе прерасне во центар за промоција на македонскиот јазик

0
By Ана Василевска on March 18, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Обнова на училиштето во Љубојно
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почна реконструкцијата на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно и негова адаптација во центар за промоција на македонскиот јазик. Планираните активности на училишниот објект каде на 15 ноември 1945 година е одржан првиот час на македонски јазик, според ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска ќе бидат завршени до крајот на следната година.

При денешниот увид на реализацијата на проектот, Костадиновска Стојчевска рече дека во изминатиот период надлежната установа Завод и Музеј Битола со стручните тимови и со сите инволвирани во процесот работеле со многу трпение, посветеност и професионалност во исполнување на бројните неопходни чекори за остварување на визијата за модерен центар за промоција на Љубојно, на Преспа и на македонскиот јазик и идентитет.

-Како генерација го исполнуваме долгот за зачувување и на архитектонското наследство што како вредност го има ова старо училиште во историјата на македонската уметност, како и долгот кон просветителската и општествена улога што училиштето ја има за едукација на македонскиот народ,  Со изградба на центарот за промоција на македонски јазик ја искажуваме нашата почит кон сите учители и ученици кои на ова место се образувале уште од крајот на 19.  и почетокот на 20 век, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Таа потсети дека проектот почна со прогласување на село Љубојно за заштитна споменична целина, по што беа изработувани сите елаборати и проекти за да се добие градежната дозвола и да може да почне градбата.

-Владата, Министерството за култура и НУ Завод и Музеј, со сето срце и одговорност се заложија објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и на сите просветните работници, како и во чест на сите оние на кои споменот на школските денови во старото училиште се повеќе од спомени. Центарот за македонски јазик ќе биде наш заеднички паметник за кој до крајот на наредната 2025 година со задоволство ќе речеме – амантетот го исполнивме, рече Костадинвска Стојчевска.

Владата на седница во јануари лани донесе одлука старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно да се адаптира во центар за промоција на македонскиот јазик. Објектот има историска вредност бидејќи на 15 ноември 1944 година првпат во Преспа, Љубојно е почната настава на македонски јазик. Постапката за негова реконструкција и ревитализација како центар за промоција на македонскиот јазик е на иницијатива на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола.

Бисера Костадиновска - Стојчевска Љубојно Преспа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.