НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТЕЦ Неготино нова подружница на АД ЕСМ

0
By Marija Todorovska on March 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно изготвената анализа за присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ Скопје, утврдена е оправданоста од присоединувањето со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД ТЕЦ Неготино, порационално управување, искористување на оперативниот, производствен и управувачки персонал.

Енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД ТЕЦ Неготино во рамки на АД ЕСМ Скопје, како од аспект на диверзификација на ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво. Исто така треба да се има во предвид дека двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ – Скопје е целосно оправдан и реализиран.

Кога започна енергетската криза, Владата на Република Северна Македонија даде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ Неготино за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, и заклучно со 2022 година произведени беа 412.692 MWh електична енергија, а заклучно со 31 Декември 2023 година произведе 346.248 MWh.

Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза, АД ЕСМ ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата.

Термоелектраната „Неготино“ почнала да се гради 1974, а изградена е во 1978 година. Последен пат претходно работела во производството на електрична

енергија во 2009 година, за во 2022 година по 12 години пауза како „ладна резерва“, во услови на енергетска криза да биде вклучена за само 40 дена.

ТЕЦ Неготино има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК Битола.

 

АД ЕСМ РЕК Битола ТЕЦ Неготино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.