Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мецола: Проширена ЕУ е најдобрата инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот

0
By Marta Pesevska on March 21, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: eppgroup.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2024 19:19

Во новото геостратешко опкружување, проширена ЕУ базирана на јасни цели, критериуми и заслуги, секогаш ќе претставува наша најдобра инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашиот континент, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, по нејзиното учество на денешниот Самит на Унијата во Брисел.

– Затоа време е да се отворат преговорите за членство на Босна и Херцеговина во ЕУ, порача Мецола.

Таа нагласи и дека ЕУ мора да продолжи да го прави сето она што е потребно за да и помогнеме на Украина да се одбрани.

– Имаме колективна одговорност да ги забрзаме и интензивираме нашите напори за да и ја доставиме опремата што и е потребна. Време да преминеме од зборови на дела, затоа што Украина дејствува како штит на Европа и наша одговорност е да дејствуваме како штит за Украина, рече Мецола.

Претседателката на ЕП нагласи дека ЕУ мора да ги зајакне санкциите за оние што ги поткопуваат интегритетот и суверенитетот на Украина, да ги преземе следните чекори во процесот на нејзината евроинтеграција и да ги искористи замрзнатите руски средства за поддршка на земјата.

– Мора да продолжиме и со мерките за автономна трговија, но во исто време и да ги заштитиме нашите земјоделци и нашиот внатрешен пазар. За ова прашање, времето е од суштинска важност, потенцира Мецола.

Според неа, во овој нов свет никој не може да успее сам и затоа е потребна соработка и да се преземат џиновски чекори во создавање на безбедносна рамка во која ќе бидат вклучени сите земји членки на ЕУ.

– Не може да зборуваме за мир, безбедност и стабилност, а да не се осврнеме на очајната состојбата на Блискиот Исток. Затоа Европскиот парламент ќе продолжи да притиска за итен прекин на огнот и да бара враќање на преостанатите заложници, како и дека Хамас не смее да продолжи да дејствува неказнето. Тоа мора да биде наша заедничка порака, рече Мецола.

Таа нагласи дека ЕУ мора да доставува хуманитарна помош за Газа, бидејќи тоа е единствениот начин да се спасат животи, но и да работи на мировно решение според моделот на две држави.

Потсетувајќи дека на 77 дена пред евроизборите денешниот е последен формален Самит на ЕУ, Мецола нагласи дека побарала од европските лидери да дадат свој придонес за усвојување преостанатите законски регулативи пред истекот на мандатот на сегашниот Европски парламент.

– Така ќе покажеме дека испорачуваме и ќе ги поттикнеме луѓето да излезат да гласаат, бидејќи секој глас е важен. Европа ќе оди напред само ако испорачува со реални и опипливи резултати, со што ќе можеме да се спротивстави на лажниот популистички наратив и на дезинформациите  и пропагандата на актери кои очигледно се непријателски настроени кон европскиот проект, заклучи Мецола.

Извор: МИА

ЕУ МЕЦОЛА проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.