НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм, се извезува скоро во цела Европа

0
By Marija Todorovska on March 26, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина.

Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците.

-До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.

И производителите се задоволни од откупната цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на Пазарот на големо во Струмица.

-Откупната цена  засега е добра и доколку остане таква тоа ќе значи многу. Но, искуството од минатите години ни кажува дека како што расте понудата така цената паѓа. Се надевам дека нема да се случи да падне под прагот што е исплатлив за нас, односно на неколку денари за килограм, рекоа повеќе градинари од селото Банско.

Како штом информираат оттаму, поголемите производители на зелка и тие што порано ја засадиле веќе се при крај на бербата, а екот се очекува да се случи во првите десетина денови од наредниот месец.

Покрај пролетната зелка тече откупот и на лутите пиперки, кои се откупуваат по 7 денари за парче и од почетокот на бербата имаат континуирана откупна цена.

Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

ЕУ Зелка извоз Струмица Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.