НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуркан Салиу од ПорталХ до ВМРО-ДПМНЕ: Член на ИК на вашата партија знае дали документите што ги објавуваме се фалсификувани, прашајте го

0
By Marija Todorovska on April 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фуркан Салиу од ПорталХ им посочува на ВМРО-ДПМНЕ за автентичноста на документот што го поседуваат да побараат одговор кај еден од членовите на нивниот Извршен комитет.
Истражувачкиот новинар Фуркан Салиу потврди дека документот на кој се повикува ПорталХ и кој и во кој во заглавието стои Републички изборен штаб – Оперативен план е од 5 декември 2023 година, иако во документот стои 2024 година.

Салиу објаснува дека во документите што стигнаа до ПорталХ има повеќе печатни и граматички грешки, испуштени букви и наведени се погрешни бројки, но дефинитивно станува збор за документ од 5 декември 2023 година и дека станува збор за записник од состанокот на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ одржан на тој ден, поврзан со првата седница на Републичкиот изборен штаб (РИШ), иако РИШ е формиран во февруари оваа година.

Тоа што портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски на вчерашната конференција во обид да ја порекне автентичноста на документот на кој се повикува ПортлаХ „потсетува дека РИШ е формиран во февруари годинава“, воопшто не го постигнува тоа бидејќи документот кој сведочи за планот на партијата да креира лажни анкети и вести е, всушност, записник од состанокот на ИК на ВНРО-ДПМНЕ од 5 декември 2023 година.

Новинарот Фуркан Салиу во вчера објавениот втор дел од разобличувањето на Оперативниот план за активностите на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските и парламентарните избори прененсува и делови од записникот кој го посочуваат изворот на документот кој стигна до ПорталХ.

„Втората точка од тој состанок ‘Подготовка за претстојните избори’, на која претседателот на партијата го информираше ИК на ВМРО-ДПМНЕ дека согласно Статутот на партијата за време на одржување на изборите потребно е да се формира Републички изборен шатб, а имајќи ја предвид сериозноста на претстојните избори ја презема одговорноста на себе да биде шеф на Републичкиот изборен штаб, а за негов заменик го предлага генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски и отвори доскусија по предлогот“, цитираше Салиу дел од записникот.

Имало спротивставени мислења, па дебатата ја прекинала Дафина Стојановска, којашто побарала да се оди на гласање, открива Салиу.

На гласањето 20 членови на ИК гласале „ЗА“, против немало, но имало 7 воздржани.

„Епа тие седум прашајте ги дали документите што ние ги објавуваме се фалсификувани. Еден од нив го знае одговорот“, посочува истражувачкиот новинар од ПорталХ, Фуркан Салиу.

Во овој втор дел од објавувањето детали од Оперативниот план за изборите на ВМРО-ДПМНЕ во кој има и точки за организирање „штелувани“ анкети и лажни вести, Фуркан Салиу од ПорталХ открива дека во подготовката на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ се вклучени „луѓе од кабинетот на Орбан“ кои сугерирале дека претседателската и кампањата за парламентарни избори мора да се водат раздвоено.

Освен злоупотребата на јавниот сетрвис МРТ за пласирање на лажните анкети, Салиу во новата објава истакнува дека во Оперативниот план има сериозни индиции кои треба да бидат од интерес на Јавното обвинителство.

Тој укажува на активности од Оперативниот план според кои се утврдени луѓе на високи позиции кои добиле задолженија да обезбедат увид и податоци од Избирачкиот список (Марина Димовска и Претседателот на ДИК Даштевски), за лица изнемоштени и болни кои ќе гласаат од дома (Игор Велковски и Ѓоко Велковски, техничкиот министер за труд и социјална политика) и за вработени во администрацијата (Невена Стаменковска, некогашната Заменската министерка во Министерството за информатичко општество и администрација).

Од документот што го имаат ПорталХ и новинарот Фуркан Салиу се доаѓа и до сознанието дека една од партиските команда со штабска одлука е и онаа за формирање „четири центри (дувла) за креирање вести за опозициски портали“.

Преземено: РАЦИН.МК

анкети ВМРО-ДПМНЕ документи ИК ПорталX Фуркан Салиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.