НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Хаг отворен меѓународен регистар на штети предизвикани од руска агресија

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот регистар на штети предизвикани од руската агресија сега е во функција. Ова го соопшти заменик-шефицата на Кабинетот на претседателот на Украина Ирина Мудра за време на конференцијата „Враќање на правдата за Украина“.

„Пред две години, пред една година, малку луѓе веруваа во самиот концепт на Меѓународниот механизам за компензација, а денес ја лансираме неговата прва компонента – Меѓународниот регистар на штети. Ова е големо достигнување не само за украинскиот тим, туку исто така за целата меѓународна заедница, револуционерен настан за глобалното меѓународно право. Регистарот стана возможен поради невидената поддршка од целиот свет, вклучително и судбоносната Резолуција на Генералното собрание на ОН и вклучувањето на Европската унија и земјите од Г7“, вели Заменик-шефицата на  Кабинетот на претседателот Зеленски.

Работиме со меѓународни партнери на подготовка на правен инструмент со кој ќе се формира Комисија за компензација. Комисијата е таа што ќе додели исплати.

„Во тек се консултации за полнење на Фондот за компензација со замрзнатите средства на Руската Федерација, бидејќи агресорот мора да плати за страдањата на земјата“, рече Ирина Мудра.

Меѓународниот регистар на штети е компонента на сеопфатниот меѓународен механизам за компензација. На 18 мај 2022 година, со декрет на претседателот на Украина беше формирана работна група за развој и спроведување на меѓународен правен механизам за надомест на штета. Со него претседаваше шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Јермак, а со соодветната област претседаваше Ирина Мудра.

Регистарот ќе започне да прима апликации за категорија А3 (физички лица). Неговото име е „Оштетување или уништување на станбени недвижности“. Севкупно, ќе се состои од 40 категории и ќе прифаќа апликации од засегнати физички лица, правни лица и од државата Украина. Ова особено вклучува смртни случаи, тортура, сексуално насилство, телесни повреди, принудно раселување и принудно преселување на лица, губење на имот и приход, оштетување на критична инфраструктура и други државни објекти, оштетување на историското и културното наследство и оштетување на животната средина.

Меѓународниот регистар на штети е дигитална платформа. Апликациите ќе се прифаќаат преку мобилната апликација Diia или веб-порталот https://diia.gov.ua/. За да поднесете апликација, потребно е да пополните електронски формулар, да обезбедите лични податоци и релевантни докази (документи, записи, изјави, фотографии, видеа или други материјали кои ја потврдуваат штетата).

Во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на руската агресија во Хаг учествуваше и Северна Македонија за што украинската амбасадорка во земјава се заблагодари преку објава на Твитер на 770 ден од целосната руска инвазија врз Украина.

770.Го цениме учеството на Северна Македонија (02.04.24,Хаг)во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на руската агресија. Злосторници кои извршија убиства во Буча,Ирпињ…мора да бидат изведени пред лицето на правдата Неказнувањето само ги охрабрува руските агресори за уништување на животи, напиша Дир.

Драган Мишев / Цивил Медиа

правда Русија Украина Хаг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.