НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК по повод Меѓународниот ден на Ромите: Потребни се напори за видлив напредок во справување од дискриминацијата на Ромите

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот ден на Ромите, посветен на најголемото етничко малцинство во Европа, ги слави различностите, ромската култура и уметност, нивниот јазик и придонес во европската историја и општество, наведуваат потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јоурова и еврокомесарите за еднаквост и за соседска политика и проширување, Хелена Дали и Оливер Вархеји во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

– Пред 53 години, на 8 април 1971 година, претставници на Ромите со различно потекло и од различни земји се сретнаа на првиот Ромски конгрес и заедно се договорија за ромското знаме, ромската химна и заедничкото име „Роми“, се потсетува во пораката, пренесува МИА.

Еврокомесарите нагласуваат дека и денес Ромите се уште се соочуваат со високи нивоа на дискриминација во секојдневниот живот, посочувајќи дека 80 отсто од припадниците на ромските заедници во 10 земји членки на ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија, 52 проценти се соочени со опасност да останат без живеалишта, а 22 отсто живеат во домови без водоводна инфраструктура.

– Ромите и натаму се соочуваат со сериозни предизвици во пристапот до правата и услугите, вклучително и при еднаков пристап до квалитетно образование, вработување или здравствена заштита, се потенцира во пораката.

Во текстот натаму се потсетува дека во својата Стратешката рамка за Ромите 2020-2030, ЕУ постави цели за земјите членки што треба да ги постигнат до 2030 година, вклучително и намалување на јазот на сиромаштија меѓу Ромите и припадниците на останатите етнички заедници за најмалку половина, намалување на недостигот на домови со кој се соочуваат Ромите за најмалку една третина, како и намалување на процентот на ромски деца кои посетуваат настава во сегрегирани основни училишта.
Во пораката се нагласува и дека земјите од Западниот Балкан и Турција усвоија национални стратегии за усогласување на своите политика со Рамката на ЕУ за Ромите.

– Ги повикуваме земјите членки и нашите партнери опфатени со процесот на проширување, особено оние со значителна ромска популација, да ги засилат своите напори за да се усогласат со обемот на предизвиците и да постигнат видлив напредок. Работејќи заедно и со ефективно користење на расположливата поддршка и финансирање, можеме да изградиме фер и еднаква Европа за доброто на сите, додаваат Јоурова, Дали и Вархеји во изјавата по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Се проценува дека во ЕУ и во државите опфатени со процесот за членство во Унијата живеат меѓу 10 и 12 милиони Роми, што оваа заедница ја прави најголемо етничко малцинство во Европа, кои воедно важи и за најдискриминирано.

Врз основа на Стратешката рамка за Ромите, што Европската комисија ја усвои во октомври 2020 година, изработен е Акциски план на ЕУ за борба против расизмот, кој поставува пристап за социо-економска инклузија на припадниците на ромската заедница, со поттикнување на еднаквост и нивно учество во општествените текови.
Европскиот совет во март 2021 година усвои Препорака со која земјите од ЕУ се обврзаа да спроведат конкретни мерки за намалување со нееднаквоста со која се соочуваат Ромите, по што во заклучоците од Самитот одржан лани во октомври членки ја реафирмираат посветеноста да обезбедат недискриминаторски пристап за припадниците на ромската заедница до соодветни и десегрегирана живеалишта.

За реализација на овие цели предвидени се средства во Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, кои можат да се користат преку структурните фондови, Инструментот за пристапна претпристапна (ИПА), Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка „Глобална Европа“, Инструментот за техничка поддршка, Економскиот и инвестицискиот план за Западнат Балкан, како и преку пакетот за економско закрепнување од Ковид пандемијата „Следна Генерација ЕУ“ и Механизмот за обнова и отпорност.

Според правилата на ЕУ, политиките за еднаквост, инклузивност и учество на Ромите првенствено е во надлежност на земјите членки, но институциите на ЕУ играат важна улога во утврдување на насоките на овие политики, координацијата на националните активности, мониторингот во спроведувањето на целите и остварувањето напредок и обезбедувањето поддршка преку европските фондови.

ЕК ЕУ Меѓународен ден на ромите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.