Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеничката Штрик: Политичарите да ги сфатат сериозно и да бидат искрени со гласачите, има многу дезинформации за пристапниот процес

0
By Marija Todorovska on April 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 10, 2024 12:30

„Сфатете ги граѓаните, гласачите сериозно, бидете искрени“, им порачува на политичките партии и кандидатите на изборите европратеничката и член на Мешовитиот парламентарен комитет Тинеке Штрик во интервју за МИА.

Европратеничката нагласува дека уставни измени мора да има пред да почнат преговори за влез во Унијата. Илузија е, додава Штрик, дека тоа нема да се случи.

Во интервјуто таа образложува дека политичарите во земјава треба да бидат искрени со гласачите бидејќи има многу дезинформации, особено за пристапниот процес.

„Никој не е упатен во овие дезинформации, можеби политичарите, но сигурно не граѓаните. Мислам дека тие треба да ја признаат траумата и жртвите што ги направија граѓаните со Преспанскиот договор, а потоа и со Францускиот предлог. Сега треба да се соочат и со фактот дека се потребни уставни промени пред да се влезе во преговори за влез во Унијата. Има политичари кои велат дека не ги прифаќаат уставните измени и дека ќе преговараат повторно или дека ќе го сменат редоследот на барањата. Тие креираат илузија бидејќи тоа нема да се случи. Тоа е опасна илузија бидејќи ќе значи дека многу повеќе време ќе се изгуби и на крај само ќе креираат многу помалку поддршка за Македонците за ЕУ, но исто така ќе ризикуваме да го изгубиме актуелниот моментум на пристапување“, рече Штрик.

Сепак, таа нагласува дека треба исто така забрзано да се работи на реформите, особено во делот на владеење на правото односно корупцијата и судството.

Штрик силно го поддржува ставот дека земјите-членки на Европската унија на одлуките за пристапување не треба да ставаат вето и дека одлуката за пристапување треба да биде заснована на заслуги.

“Разбирам дека моментот на вистинско пристапување, базирано на едногласност е логично бидејќи е голема важна одлука, но исто така тие одлуки не треба да бидат предмет на вето. Тоа треба биде едноставно пристап базиран на заслуги и ако Комисијата даде препорака дека Северна Македонија е подготвена и дека преговорите треба да почнат, да нема можност земја членка да ја злоупотреби својата позиција поради билатерални разлики’, рече Штрик.

Европратеничката Штрик и припаѓа на Групата на Зелени и Европската Слободна Алијанса, и исто така учествува на изборите за нов мандат во Европскиот парламент.

За време на престојот во Скопје, таа беше во кругот на поранешната фабрика Охис придружувана од пратеничката на ДОМ и кандидат за нов мандат Маја Морачанин. Штрик ја посетила оваа стара хемиска фабрика да види уште колку отпад има, но и да види како ЕУ и помага на Македонија и да собере сознанија за да може да помогне за барање финансиски средства за да може отпадот што поскоро да се дислоцира.

„Тоа е многу токсичен материјал што е се уште таму. Имаат прекрасен проект преку кој на многу безбеден начин се расклопува и транспортира. Но тоа е многу скапо. И тие навистина се многу зависни од фондови. За мене тоа е многу важно да алармирам во Европската комисија да видат како можат да помогнат со средства бидејќи е многу блиску до градот и мириса, и не знаеме колку може да влијае на водата во земјата. И треба да биде исчистено што побрзо, а тоа е прашање на финансиска поддршка. Тоа е нешто за што ние конкретно сакаме да помогнеме“, рече Штрик во интервјуто.

 

избори интервју Тинеке Штрик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.