НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според извештај на ОН само во март најмалку 604 цивили од кои 57 деца загинаа или беа повредени во руските напади во Украина

0
By Marija Todorovska on April 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 604 цивили беа убиени или повредени во Украина во март 2024 година, што е зголемување од 20 отсто во споредба со февруари 2024 година, соопшти Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина во извештајот објавен на нејзината веб-страница.

„Зголемувањето на цивилните жртви во март главно се должи на нападите на руските вооружени сили со користење на проектили и муниција низ Украина и зголемените воздушни бомбардирања во близина на линијата на фронтот“, се вели во извештајот.

Се наведува дека најмалку 57 деца биле убиени или повредени во март, што е двојно зголемена бројка од февруари.

Мини и експлозивни остатоци од војната убиле и повредиле најмалку 28 цивили, вклучително и седум земјоделски работници. Почетокот на пролетната земјоделска сезона го зголеми ризикот за земјоделците кога почнаа да ја обработуваат земјата, се вели во извештајот.

Повеќето цивилни жртви (93,5%), штетите на образовните и здравствените установи (98%) и на критичната инфраструктура (95%) продолжија да се случуваат на територијата контролирана од владата, се додава во извештајот.

Во март 2024 година, големи координирани напади врз критичната инфраструктура уништија или оштетија најмалку 20 енергетски објекти низ целата земја, привремено попречувајќи го пристапот до електрична енергија за милиони луѓе во големите градови и руралните области. Во некои области беше прекинато и водоснабдувањето.

Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина на 24 февруари 2024 година, мисијата за набљудување на човековите права на ОН во Украина забележа 10.810 убиени цивили и 20.556 ранети во Украина.

Преземено: Фронтлајн

Подготви: Ј. Ѓ. 

ОН Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.