НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје во пламен

0
By Marija Todorovska on April 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ / ЦИВИЛ МЕДИА

„Враќајки се дома со градски аутобус од прошетката на Матка,  уморот кој го чуствував од прошетката на тоа малку убаво што го имаме во Скопје изчезна кога моите очи со неверување ги здогледаа пламените јазици кои ја зафатија Универзална сала! Се симнав и така тажно гледав како ми гори сеќавањето од многуте културни настани на кои сум присуствувал во Универзална. Скопје беше во пламен“ – ова се зборовите на 60-годишниот сосед кој со емоции го сподели ова искуство со мене.

Не дека сум многу близок со чичкото, но ние во Чаир сите ги викаме комшии, па застанав и го послушав до крај. Очекував уште нешто да каже, но не. Тоа беше, со една реченица сумираше сè – „Скопје навистина гори“.

Салата одамна ја немам посетено, но се сеќавам на емоциите од 90-тите кога се одржуваше фестивалот „Нота Фест“. Тоа беше спектакл.

Овој мој сосед не знае дека Универзалната сала одамна е само руина, ниту дека изгоре тоа што остана од неа. Тој, како да се сеќаваше на својата младост, како и јас, на салата што беше полна со возбудливи настани – од концерти и фестивали до мултимедијални настани и конференции.

Но, од што гори Скопје? Поминаа девет години откако беше ветена реконструкција на симболот на Скопје, но ништо! И кога конечно се договараа дека иконата, која беше донација од светот по разорниот земјотрес во Скопје, треба повторно да се изгради. Таа изгоре!

Дали изгоре од човечко невнимание или како некоја натприродна сила да сака да ни каже дека сме самоуништувачи, лицемерни и не ја сакаме културата, тоа останува за гатачите да ни кажат.

Но факт е дека тие кои се најповикани да ја заштитат културата и „салата на сеќавањата“, културните работници, барем еднаш не сум ги видел да излезат и да го кренат гласот за ова ремек-дело од емоции на безброј уметници и изведувачи.

Кога велам не сум ги видел да го креваат гласот, не мислам само да излезат со транспарент на кој пишува „изградете ја салата“, тука да викаат и врескаат да не ни ја распарчат културата.  Мојот комшија рече дека „Скопје изгоре“, а не го интересираше ниту објаснувањата на бирократските раководители за тоа кој е виновен. Сите ја знаеме вината, но едноставно сме избрале да не ја откриеме, затоа што културата одамна е откорната од нас.

А кога немаш култура, немаш ни чувство за сè што се случува околу тебе. Сега „салата на сеќавањата“ изгоре, но прашање е дали гори и Скопје и државата, имајќи ги предвид ветувањата и зборовите на политичките челници кои се обидуваат да ја преземат власта и да креираат политики. Едната страна повикува да одиме таму каде што цивилизацијата и културата се развиваат долго време, другата вели дека можеме и сами. А, ако останеме сами, без конкретна цивилизациска насока, тоа што сигурно ќе ни се случува е „Скопје во пламен“.

Текстот е личен став на Авторот.
Назми Абдурахмани Скопје Универзална сала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.