Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пенов: Под „Македонија повторно горда“ дали мислат на „гордоста“ во времето на Груевски?

0
By Marija Todorovska on April 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 17, 2024 13:22

Освен Стево Пендаровски од претседателските кандидати, кои други кандидати се политичари. Имаме универзитетски професор кој постојано повторува „Македонија повторно горда“, не знам за каква гордост се зборува, дали мислат на „гордоста“ во времето на Груевски? праша министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во утринската програма на „Слободен печат“.

-Кога ги гледаме изборите, сите се занимаваат со бројките, прогнозите. Тенденциите се видливи, соодносите се препознатливи, прашањето е еден два плус еден два минус, и што потоа ќе се случува. После овие избори Македонија излегува заглавена со умот, затоа што дискурсот којшто се наметнува во оваа кампања не ги решава проблемите кои ги имаме, туку го заробува умот во една автархична Македонија во услови кога геостратегијата ги меша картите целосно и практично ние со тоа ќе се изгубиме во тој простор, сепак Македонија е мала држава, рече Пенов.

Според него во градоначалничката позиција можеш да наметнеш свој белег, за разлика од другите политичари во општеството.

-Во парламентот има дебати, мене парламентот не ми лежи, затоа и не сум на листи. Посебно во овие расправи кои се квази-расправи, навреди. Во Владата си врзан со процедури, ингеренции на другите, иако изгледаш најмоќен, меѓутоа си со најврзани раце. Кај градоначалничката позиција постои можност да внесеш своја идеја, да ја реализираш“ рече Пенов.

Тој рече дека она што се нуди на овие избори е Европска опција, а од другата страна некои партии сметаат дека треба да се напушти Европска Унија, да се приклучиме кон Брикс, да се растураат договори, да не се прифати француски предлог.

„Кога сме кај францускиот предлог, ние доживеавме една голема победа, не сакам да речам ви-за-ви Бугарија затоа што ние бевме целосно блокирани од Бугарија. Не признаваа македонски јазик, македонски народ, македонска историја. Сепак сега сме признаени од цела ЕУ, посочи Пенов.

Тој во разговорот се осврна и на тоа дека Македонија е увозно зависна земја, и дека како држава има доволно свинско месо, но храна за свињи се увезува и има доволно градинарски култури, јаболко, грозје, но немаме енергија, енергетски извори.

„Фотоволтаици изградивме доволно, но немаме ноќна струја, ноќна струја треба да ни обезбеди РЕК Битола, а оваа централа денес произведува трипати поскапа струја отколку да ја купиме на слободниот пазар. Македонија е увозно-зависна земја и тоа треба сите да го разбереме, додаде Пенов.

Преземено: Слободен Печат

Груевски ЕУ Пенов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.