Политички каталог: Сите претседателски кандидат(к)и е дигитална публикација што Цивил – Центар за слобода ја издаде како актуелен но и како архивски материјал за годинешниве претседателски избори.
Продуктот практично е водич за првиот круг на седмите избори на претседател на Република Северна Македонија за првиот изборен круг закажан за 24-ти април 2024 година. Вториот кој е условен доколку ниту еден од седумтемина кандидати во првиот круг не добие повеќе од половината гласови од гласачите запишани во избирачкиот список, на 8-ми мај 2024 ќе се одржи вториот изборен круг со двајцата првопласирани кандидати од првиот изборен круг.
Во каталогот на ЦИВИЛ се преставени учесниците на изборите и тоа кандидатите за претседател, политичките партии, институциите на централно и на локално ниво, медиумите како и други засегнати страни во изборниот процес.