Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украден идентитет од порно ѕвезда во пропаганда за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска – Како функционираат партиските ботови?

0
By Marija Todorovska on April 30, 2024 ИЗБОР
Foto: Frontline
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 30, 2024 12:51

Интернет партиските ботовите на социјалните мрежи не се феномени што се јавуваат инцидентно. Тие се систематски креирани лажни профили што делуваат наменски. Ако сакаме да ја разбереме феноменологијата на ова појава што се засили со појавата на социјалните мрежи ќе ни треба цела студија.

Една позајмена дефиниција вели дека „во преносно значење, партиски ботови се нарекуваат членовите на политички партии (обично оние пониските) кои за мал надоместок пишуваат афирмативни коментари на социјалните мрежи во корист на својата партија или нејзиниот водач, користејќи најчесто црна пропаганда со говор на омраза кон неистомислениците. Ваквите активности се најизразени во текот на предизборните кампањи“.

Партиските ботови на социјалните мрежи скриени зад измислени имиња и идентитети, безкрупулозно напаѓаат со пропаганда и говор на омраза кон неистомислениците.

Коментарот на измислен Фејсбук профил со име Jovanka Petkovska Kisheshlover, ставен на објава на Фејсбук страницата на Фронтлајн е она што поттикна со еден пример да се демистифицара како функционираат партиските ботови.

Снимка од екран од објава на Фејсбук страницата на Фронтлајн

Од она што може да се види се работи за фејсбук профил отворен во октомври 2015 година.

Ако го пребарате изворот на профилната фотографијата (лесно, со десен клик на фотката) откривате дека се работи за украдена фотографија на извесна порно ѕвезда Kendra Lust.

За да имате претстава за каква систематска пропаганда се работи, треба  да се забележи начинот на кој овој лажен профил на ботот е одржуван уште од 2015 година.

Од почетокот до денес, има постирано стотици фотографиии и сите се украдени фотографии од иста личност – од порно ѕвездата Kendra Lust, потпишани како да се на Jovanka Petkovska Kisheshlover, проследени со краток текст на фотографијата што обично е нешто секојдневно.

Под секоја објава има стотина импресии. Така ботот, со провокативни фотографии, намамува публика на фејсбук профилот.

После неколку вакви и слични објави, следува целта на пропагандата на лажниот профил, од која може лесно да се забележи дека се работи за партиски бот кој работи во корист на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната кандидатка за претседател на државата Гордана Силјановска.

Начинот на објави (неколку провокативни фотографии од порно ѕвездата, па пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ), се влечи од почетокот на отворањето на лажниот фејсбук профил на ботот именуван како Jovanka Petkovska Kisheshlover, до денес.

За да се долови некоја локална автентичност ботот често користи и фотомонтажи

Фотомонтажи со експлицитниот говор на омраза и дисквалификациите по партиска или друга основа се најчестите објави, но доминираат и етничката и верска нетрпеливост.

Колку партиски ботови на социјалните мрежи виреат може само да претпоставиме, ги среќаваме секојдневно но не им придаваме големо значење.

За разлика од обичните партиски ботови, она што обрнува посебно вимание е дека во овој случај се работи за професионално водење на партиска кампања од страна на бот што влече корен безмалку цела деценија.

Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

ботови ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.