Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експлозии во Белгородската област: Рускиот волонтерски корпус и Легијата на слободата ги повикаа Русите да се борат за Русија без Путин

0
By Marija Todorovska on May 23, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 23, 2024 14:44

Рускиот волонтерски корпус, чии борци се борат на страната на Украина против режимот на Путин, соопшти дека извршува борбени мисии на територијата на Руската Федерација, а Легијата на слободата на Русија ги повика жителите на руските погранични региони да останат дома и „ да не се противат“, пренесува Украинска правда од извори од Легија на слободата на Русија, Руски волонтерски корпус и руски локални Телеграмски канали

Утрото на 22 мај, борците на рускиот волонтерски корпус известија дека се во Русија. Конкретно, борците објавија видео на позадината на сообраќајните знаци во близина на населбите Љубимовка (Брјанска област), Безљудовка (Белгородска област) и Чуровичи (Област Брјанск).

Во меѓувреме, Легијата на слободата на Русија, која се бори на страната на Украина, сними видео порака во која ги повикува Русите да се борат за Русија без Путин.

Потоа легијата објави апел до жителите на пограничните руски области: „Останете дома, не се спротивставувајте и не плашете се; ние не сме ваши непријатели. За разлика од зомбите на Путин, ние не им штетиме на цивилите и не ги користиме за наши цели“.

Тие исто така ветија дека подоцна ќе ги дадат деталите.

Руските Телеграм канали објавуваат видеа и известуваат за уништување на граничниот премин Грајворона.

Подоцна, Легијата објави дека Козинка, населба во Белгородската област во Русија, била ослободена. Легијата на Слободата на Русија и рускиот волонтерски корпус наводно „напредуваат“.

„Легијата на Слободата на Русија и рускиот волонтерски корпус ја ослободија населбата Козинка во Белгородската област. Нивните единици влегоа во населбата Граиворон“, се вели во објавата.

 

Мештаните објавија видео со активирана сирена во Белгород, додека Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгородската област, тврди дека „разузнавачка и диверзантска група на вооружените сили на Украина“ изутрината влегла на територијата на областа Граиворон.

„Нема повредени цивили“, изјави Гладков и додаде дека вооружените сили на Русија, во соработка со руската гранична служба, Националната гарда и ФСБ, „ги преземаат неопходните мерки за неутрализирање на непријателот“.

Гладков тврди дека е активирана руската противвоздушна одбрана и дека фрагмент од проектилот паднал во градината на куќа во селото Антоновка.

Тој, исто така, тврди дека имало минофрлачки напади врз селото Козинка. Во селото Гора-Подол, според него, се запалил магацин со сено, а во Грејворон гранати погодиле простории на претпријатие за моторно транспортирање.

Рускиот гувернер рече дека оперативните служби на Руската Федерација вршат „темелни инспекции од врата до врата“.

Руската служба за вонредни ситуации испрати порака до локалното население за нападот и ги повика жителите на областите Грајворон и Шебекински да се засолнат.

За „загрижувачките вести од воената единица“ се разговараше на состанокот на властите во Белгородската област.

Како што пренесува Укринформ според руските медиуми, во Белгород и округот Белгород, изутрината беше објавено предупредување за проектили и се слушнаа експлозии.

„Во Белгород и округот Белгород е објавено предупредување за проектили, според канцеларијата на градоначалникот. Серија експлозии се слушнале во центарот на градот“, се вели во извештајот.

За возврат, советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, објави фотографија од „работата за воздушна одбрана“ на Телеграм.

„Белгород. Руската воздушна одбрана повторно гранатира цивили во време кога Русите ги продаваат нашите ракети за да соборат воени цели. Добро утро за Русите сега звучи вака“, напиша тој.

Предходно, во понеделникот дрон нападна складиште за нафта во селото Прохоровка, Белгородската област на Руската Федерација.

На почетокот на март, одредена диверзантско-извидувачка група направи узбуна во Брјанската област. Руските пропагандисти за тоа ја обвинија Украина, но ситуацијата ја разјасни рускиот волонтерски корпус. Наведено е дека операцијата е нејзина работа, а тоа било договорено со украинските власти.
Според рускиот волонтерски корпус, целта на операцијата е да се покаже дека слободниот руски народ со оружје во рацете може да се бори против режимот на Путин.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Путин Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.