НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милановиќ: Хрватското правосудство влезе во мрачен период на еднопартиска контрола

0
By Ана Василевска on May 27, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Зоран Милановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека со назначувањето на Иван Турудиќ за главен државен обвинител, хрватското правосудство влезе во “мрачен период на еднопартиска контрола каков што немало од осамостојувањето на државата“.

“Република Хрватска остана без уште една независна институција, бидејќи водството на Државното обвинителство (ДОРХ) го презеде Иван Турудиќ, кој јавно ја изрази својата приврзаност кон Хрватската демократска заедница (ХДЗ)”, рече Милановиќ.

Тој истакна дека Турудиќ е избран по волја на премиерот Андреј Пленковиќ и ХДЗ, со политичка асистенција на неколку пратеници во Саборот, кои се безусловно лојални на ХДЗ.

“ХДЗ преку Турудиќ ја презеде контролата над клучната институција за кривично гонење, што е спротивно на уставната улога на ДОРХ како независно и самостојно правосудно тело,” додаде Милановиќ.

Милановиќ нагласи дека власта на Пленковиќ веќе го контролира кривичниот процес со измени на Кривичниот закон, воведувајќи казни за објавување доверливи информации од истрагите. Овие измени во јавноста се познати како Lex AP (Андреј Пленковиќ).

Турудиќ, според Милановиќ, се дисквалификувал за оваа должност со своите тајни средби со лица под истрага во судот каде што претседаваше. Хрватскиот претседател оцени дека независни и самостојни институции мора да бидат политички приоритет за сите кои сакаат добро за Хрватска, кои ќе бидат ослободени од “партискиот јарем на ХДЗ”.

Турудиќ, 62, денеска ја презеде функцијата главен државен обвинител, на која беше избран во февруари од Саборот со гласовите на владејачката коалиција.

Неговото назначување предизвика вербален судир меѓу Милановиќ и Пленковиќ, следено од контроверзи за неговите контакти со лица под истрага, вклучувајќи ги поранешната државна секретарка Јосипа Римац и поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.

Турудиќ ги отфрли обвинувањата и изјави дека владата на Пленковиќ нема да има привилегии и дека обвинителството ќе постапува по сите сомнежи.

Зоран Милановиќ Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.