НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дезинформација е дека претседателот на Собранието, Африм Гаши бил на посета кај претседателката на Косово, Вјоса Османи

0
By Marija Todorovska on May 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На социјалната мрежа Х (Икс) се шири дезинформација дека новоизбраниот Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши наводно бил во посета кај Претседателката на Косово, Вјоса Османи, пришто на средбата не било истакнато македонското знаме.

Профилот Димко на Х пишува: Абе ВМРО ДПМНЕ каде е македонското знаме?

Додека пак профилот Цандо Македонски објавувајќи ја истата фотографија коментира: „Претседателот на Собранието на Нашата Земја во посета кај Претседателката на Косово. Една слика, илјада зборови“.

Дел од коментарите се:

„Алооо, патриотчиња каде сте, кај се изгубивте, во чии скутови седнавте“.

„Кога дојде на функција, кога успеа да оди на баци рака ММЕ…“.

„Прво дома да отиде на после тука“.

Профилот Рома пишува: „Ај вака да прашам. Дали претседателката на нашата држава ќе испрати нота до претседателката на Косово затоа што на официјална средба со претседател на жакедонско собрание нема македонско знам Дали во собрание за ова ќе реагираат пратениците од сдсм, дпмне, знам…. И зошто не?

Всушност се работи за стара фотографија од пред повеќе од една година, односно на 6 февруари 2023 година, Африм Гаши во својство на Претседателот на Алтернатива, придружуван од тогашниот потпретседателот на Собранието, Хисни Исмаили, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и пратеничката Сафије Садики Шаини, се сретнаа со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.

Во името на Алтернатива, тогаш Гаши ја истакна поддршката на Северна Македонија за евроатлантските интеграции на Република Косово.

ЦМТ

Африм Гаши Вјоса Османи дезинформација Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.