Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дарко Костадиновски избран за нов претседател на Уставниот суд

0
By Marija Todorovska on June 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 4, 2024 14:07

Судијата Дарко Костадиновски е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, информираат денеска од Судот.

Од Уставниот суд додаваат дека повеќе информации во врска со изборот на Костадиновски ќе бидат соопштени во текот на денот.

Претходно Уставниот суд во повеќе обиди не успеа да избере претседател.

Вчера беше последниот обид во кој судот не успеа да избере наследник на Добрила Кацарска чиј мандат заврши на 2 јуни. Судијката Ана Павловска-Данева денеска ја повлече кандидатурата со цел да не се доведе државата во уставна криза, а нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство по што уставните судии гласаа за судијата Осман Кадриу, кој исто така не го доби потребното мнозинство.

Од Уставниот суд информираа дека судијката Васиќ-Бозаџиева во сите гласања во коишто била предложена добила пет гласа. Исто толку гласа во осмото гласање добил и судијата Кадриу.

-Постапката за избор на претседател на Уставниот суд продолжува согласно членот 7 став 4 од Деловникот на Судот, според кој доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката за избор на претседател се повторува, појаснија од Уставниот суд.

Причината за поделеноста на гласовите, од Уставниот суд ја објаснуваа со тоа дека судиите гласаат по сопствено убедување и дека гласањето „за“ или „против“ е нивно лично убедување.

Седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај.

Дарко Костадиновски претседател Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.