Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на Агенцијата за филм потпишал преддоговор за финансирање на новиот проект на Милчо Манчевски, контра одлуката на Вишиот управен суд на РСМ 

0
By Ана Василевска on June 7, 2024 ВЕСТИ, ИЗБОР, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 7, 2024 11:19

Со ваквите постапки на Ангелов направен е преседан во работата и управувањето на Агенцијата за филм, со што сериозно се отвора прашањето зошто директорот постапил на ваков начин во случајот со „Банана филм“ на Манчевски.

За предметот за финансиското работење на „Банана филм“, што се однесува на потрошени 950.000 евра за кои не е доставен извештај во Агенцијата за филм, како и трансакциите на оваа продукција кои ги насочувала кон Њујорк, САД, известени се сите надлежни инстанци, како и Државната комисија за спречување корупција.

Потписот на Ангелов е демонстрација на самоволие и незаконитост, бидејќи според законските регулативи, Управниот одбор на АФРСМ е тој кој носи одлуки за финансирање проекти, а директорот таквите одлуки е должен да ги спроведе. 

 Пишува: Ана Василевска

Минатиот месец, новиот директор на Агенцијата за филм, Владимир Ангелов, потпишал решение со кое го огласува за ништовно претходно донесеното решение на претходниот директор на Агенцијата за прекинување на натамошното финансирање на проектите „Кајмак“ и „Биста“ на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски. Согласно документите кои се добиени по пат  барање за пристап до информации од јавен карактер, и со увид во документацијата, видно е дека решението на претходниот директор било донесено врз основа на  Одлука на Управниот одбор на АФРСМ. Всушност, Управниот одбор, го задолжил директорот да ги стопира исплатите за споменатите проекти.

upraven

Воедно, во постапка пред Управниот суд, која била почната со тужба на „Банана филм“, а која правосилно завршила со одлука на Вишиот управен суд, тужбеното барање на продукцијата било одбиено, поради што одлуката на Управниот одбор на Агенцијата и денес е во правна сила.

Во меѓувреме, за сомнежите врз кои е донесена оваа одлука на Управниот одбор и судот,  истрага се води во Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција , а известена е и Државната комисија за спречување корупција.

И покрај сите горенаведени факти, Ангелов преку манипулативни постапки и со намера изигрување на судската одлука потпишал преддоговор за финансирање на проектот „Биста“ на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски.

Потписот на Ангелов е демонстрација на самоволие и незаконитост бидејќи, според законските регулативи, Управниот одбор на АФРСМ е тој кој носи одлуки за финансирање проекти, а директорот таквите одлуки е должен да ги спроведе.

Со ваквите постапки на Ангелов направен е преседан во работата и управувањето на Агенцијата за филм, со што сериозно се отвора прашањето зошто директорот постапил на ваков начин во случајот со „Банана филм“ на Манчевски.

Одговор за оваа постапка побаравме од Ангелов, кој независно од сите инволвирани правни инстанци вели дека Управниот одбор е тој кој постапил незаконски, а тој пак, со својот потпис ја спасува Агенцијата за филм и угледот на државата.

Тој вели дека го откочил финансирањето на работата на режисерот и продуцент Манчевски бидејќи сето ова е незаконска конструкција кон него и на овој начин ја спасил нашата држава од меѓународните резили што ги трпела.

Владимир Ангелов

Во одговорот на нашето барање за изјава, Ангелов не се осврна на фактот дека со неговото постапување всушност не ја зема предвид судската  одлука, ниту пак, одлуката на Управниот одбор на Агенцијата, орган кој согласно законот и статутот хиерархиски е надреден на директорот, кој и да е на таа функција во моментот.

 „Го откочив незаконското стопирање на работата на македонскиот режисер Милчо Манчевски од страна на Агенцијата за филм, т.е. од страна на директорот Бојан Лазаревски и Управниот одбор на Агенцијата за филм. Со тоа ја спасив нашата држава од меѓународните резили што ги трпеше, како што беа реакциите од фестивалот во Венеција и меѓународното ФИПРЕСЦИ како и пошироко (затоа што запознаена и загрижена е и Европската филмска академија, како и Европската комисија). Овие меѓународни резили беа соодветно пропратени со несоодветни реакции на тогашниот директор Бојан Лазаревски. Се надевам дека оваа моја одлука, т.е. откочувањето на процесот ќе придонесе извештајот на Европската комисија за (напредокот т.е. во случајов уназадувањето на) Република Северна Македонија, во кој беше планирано да биде вклучен и случајот со незаконското спречување на работата на режисерот Манчевски ќе биде малку ублажен со констатација дека проблемот започнал да се решава“,  вели Ангелов за НоваТВ.

Од друга страна пак, поранешниот директор Бојан Лазаревски за оваа ситуација изјави:

„Во мојот мандат го потпишав решението за стопирање финансирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, врз основа на одлуката која ја донел Управниот одбор на АФРСМ. Според Законот за филмска дејност, директорот е должен да ги почитува одлуките на Управниот одбор, како управен орган на Агенцијата. За сомнежите, поткрепени со документи врз основа на кои е донесена одлуката на УО, беа известени сите надлежни институции, а Вишиот управен суд постапувајќи по жалбата на АФРСМ од одлуката на Управниот суд ги отфрли барањата на тужителот ’Банана филм’ како неосновани и донесе решение проектите да останат стопирани до конечното затворање на истрагата“, вели Лазаревски.

Редакцијата на Нова ТВ се консултираше со правни експерти, според чие мислење во постапувањето на Ангелов можно е да постојат и елементи на казниво дело „неизвршување судска одлука“, поточно делото предвидено во КЗ со член 377, став (2): „Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.“

Ваквите законски прописи се уште една причина за зачуденост зошто Ангелов со постапки кои се очигледно дискутабилни од правен аспект односно се надвор од неговите надлежности постапил како што постапил.  

ОЈО ВО СОРАБОТКА СО УФП ЈА ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА „БАНАНА ФИЛМ“ 

Од службата за односи со јавноста на Основното јавно обвинителство минатата недела побаравме информација до каде е истрагата за која веќе беше пишувано во јавноста и од таму ни одговорија „Се преземаат дејствија за проверки на наводите. За обезбедување докази постапува Управата за финансиска полиција“.

Како што веќе беше објавено, Управата за финансиска полиција постапува по пријавата од Министерството за култура за сомнежите околу нерегуларности при трансакциите на буџетските средства наменети за одредени проекти на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, и за тоа го извести Основното јавно обвинителство.

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Министерството за култура, за проектите „Мајки“ и „Врба“ на „Банана филм“, кога се констатирани нелогичности во однос на ангажирање на продукцијата „Милкман“ од Њујорк и префрлување средства на оваа куќа, предметот е упатен на натамошно постапување на Финансиската полиција.

Севкупната документација за овие предмети на „Банана филм“ , УФП ја побарала од Агенцијата за филм во јули минатата година и до денес се води истрага.

За предметот за финансиското работење на „Банана филм“ што се однесува на потрошени 950.000 евра, за кои не е доставен извештај во Агенцијата за филм, како и трансакциите на оваа продукција кои ги насочувала кон Њујорк, САД,известени се сите надлежни инстанци, како и Државната комисија за спречување корупција.

 

Агенција за филм на РСМ Виш управен суд Милчо Манчевски ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.