НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени

0
By Marija Todorovska on July 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа реформи, се вели во новиот извештај на Светска банка насловен „Преглед за климатски јавни финансии на Северна Македонија“.

– Според Прегледот за климатски јавни финансии на Северна Македонија подготвен од Светска банка, во изминатите 50 години, Северна Македонија забележа значителен пораст на бројот на поплави, екстремни топлотни бранови, пожари и обилни врнежи. Само во последните две децении, земјата се соочи со 12 катастрофи поврзани со климатските промени кои погодија 1,3 милиони луѓе. Со раст на глобалното затоплување, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните години, се вели во денешното соопштение од Светска банка.

Според директорот на Канцеларијата за Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, преземањето итни активности за ублажување и прилагодување на климатските промени е приоритет, но потребни се и сет на политики и значителни инвестиции.

– Се очекува климатските влијанија да се интензивираат заедно со емисиите на стакленички гасови, со што земјата ќе биде потопла и посува, и ќе се соочи со почести и посилни поројни дождови кои ќе доведат до поплави, вели Паолучи.

Извештајот ја нагласува важноста од паметните фискални политики за апсорпција на загубите поврзани со климатските промени и поддршка на одржлив економски развој.

– Даночната политика, на пример, би можела да го поттикне зелениот транспорт и одржливите технологии, со отстранување на крајните субвенции за електричната енергија на јаглен, а истовремено да ги заштити ранливите домаќинства од зголемените трошоци за енергија. Означувањето на буџетот за климатските промени и процесите на зелени набавки може да ги намалат економските трошоци и да ги заштитат јавните финансии, велат од Светска банка.

Извештајот ја нагласува потребата Северна Македонија брзо да воведе цена на емисии на јаглероден диоксид за да ги ограничи емисиите на стакленички гасови и да собере значителни приходи за државниот буџет, потенцијално до 730 милиони евра годишно.

Со оглед на тоа што Северна Македонија има за цел да се приклучи на Европската унија и да се усогласи со нејзините цели за нула емисии, извештајот ја нагласува важноста за поддршка на зелената транзиција на земјата преку мерки на фискалната политика.

Западен Балкан климатски промени Светска банка Фискална политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.