Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кузеска: Наместо професионалци и промени како што ветуваше ВМРО – ДПМНЕ, гледаме партизација пред квалификација

0
By Marija Todorovska on July 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 4, 2024 12:12

ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри, оценуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција рече дека доколку се анализираат кадровските решенија што во првата фаза ги назначила Владата очигледно е дека Христијан Мицкоски посегнува по стари кадри.

– Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа, гледаме партизација пред квалификација, рече Кузеска, додавајќи дека нема нови кадри или некорумпирани професионалци.

Со назначувањето на в.д. директори, како што истакна, Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Посочи дека со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството, а на директоркото место во Управата за извршување санкции е назначен Александар Пандов, кој е дипломиран историчар и нема соодветно образование и искуство во областа.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак, како што рече Кузеска, е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014. Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво, истакна Кузеска.

ВМРО ДПМНЕ Кузеска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.