Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши и Мицкоски со различни агенди на Самитот на НАТО во Вашингтон

0
By Marija Todorovska on July 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 8, 2024 13:27

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека заминувањето на две делегации од земјава на Самитот на НАТО во Вашингтон предводени од претседателот на Собранието Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски е поради тоа што двјацата имаат свои агенди на настанот, објави МИА.

– На ДУИ сè им смета, веќе не можат да се прилагодат на нова реалност дека се опозиција. Јас ги повикувам да бидат конструктивна опозиција и да се посветат прво на реформа внатре кај нив ако сакаат во иднина да бидат сериозен чинител во политичкото поднебје во Македонија. А тоа што отишле премиерот и претседателот на Собранието, двајцата се клучни политички фигури, пред се, ја претставуваат Северна Македонија за одбележување на НАТО, сигурно не очекува некој да се фатат за рака и да одат таму. Значи, и двајцата имаат свои агенди, заедно се таму, мислам дека вечерва ќе имаат и заеднички настан и заедничка вечера таму. Според агендата некој тргнал порано, некој покасно бидејќи имале активности и тука, вели Меџити на новинарско прашање за реакциите во државава зошто две различни делегации отпатувале во Вашингтон, и зошто немало претставници во нив од Коалицијата Вреди за што беа прозвани од ДУИ.

Меџити изјавата ја даде по средбата што заедно со министерот за социјална политика Фатмир Лимани, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали ја имаа со претставници на Здружението на пензионери на Чаир.

Опозициската ДУИ викендов изрази загриженост што земјава по прв пат била претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон.

-Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВЛЕН се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет, стои во партиското соопштение.

Од коалицијата „Вреди“ пак, одговорија дека претседателот на Собранието, Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор.

-Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со дистрибуција на лажни вести. Од нив ништо веќе не зависи, а најмалку кој кога ќе отпатува во САД и со кого ќе се сретне. Да имаа навремени информации од стратешкиот партнер, немаше вака да се срамат. Но, тоа говори за нивниот кредибилитет да говорат за и во име на Албанците. Жалиме што ДУИ избра многу погрешни методи да се обидува да креира незадоволство кај Албанците, се наведува во реакцијата на „Вреди“.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се во официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, исто така, учествува на Парламентарниот самит на НАТО, Вашингтон, информира собраниската прес-служба.

Извор: Цивил Медиа 

Гаши Мицкоски НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.