Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката на САД во Украина со осуда на рускиот ракетен напад: ова е причината зошто лидерите на НАТО ќе преземат значителни безбедносни обврски кон Украина

0
By Marija Todorovska on July 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 8, 2024 15:48

Драган Мишев 

На самитот во Вашингтон оваа недела, лидерите на земјите членки на НАТО ќе преземат значителни безбедносни обврски кон Украина, напиша амбасадорката на САД во Украина, Бриџит Бринк на социјалната мрежа Х, коментирајќи го денешниот руски ракетен напад врз градови низ Украина, пренесува Укринформ.

„Додека лидерите се собираат за 75-годишнината од НАТО, Русија лансираше 40 проектили низ Украина. Оваа бесчувствителна агресија – целосно непочитување на човечкиот живот, загрозувајќи ја европската и трансатлантската безбедност – е причината зошто лидерите ќе преземат значителни безбедносни обврски кон Украина оваа недела“, рече таа.

 

Русија изврши масовен ракетен напад на Кијив, Днипро, Кривј Рих, Славјанск и Краматорск на 8 јули. Беа употребени повеќе од 40 проектили од различни типови.

Со осуда на бруталниот руски ракетен напад врз украинската цивилна инфраструктура, вклучително и детска болниц во Кијив, на платформата за социјалните медиуми Х се огласи и генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ.

„Најостро ги осудувам денешните руски напади врз Кијив, чија цел беа цивили. Овие злосторства нема да останат неказнети“, напиша таа во објавата.

Реакција имаше и од Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски. Тој на платформата Х напиша дека Русија мора да одговара за ваквиот чин на терор.

„Остро го осудуваме рускиот напад врз детската болница во Киев како грозоморен чин на терор за кој сторителите мора да одговараат. Заедно со нашите НАТО сојузници и партнери, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина додека не се обезбедат мир, стабилност и победа“, напиша Муцунски.

Во руското ракетирање на цивилната инфраструктура беа погодени детска болница, породилиште, претпријатија, бензински пумпи, административни згради и станбени згради.

Нападод доаѓа непосредно пред почетокот на тридневната средба на шефовите на држави или влади на земјите членки на НАТО утре во Вашингтон, со која ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година. Според најавите, главни теми на средбата ќе бидат поддршката за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зајакнување на глобалните партнерства, но со примарна цел за манифестирање на единство меѓу сојузниците.

Како што објави ЦИВИЛ Медиа претходно бројот на загинатите во Украина како последица на утринските терористички напади се зголеми до 28 лица, а 112 се повредени.

Цивил Медиа 

Лариса Дир напад НАТО Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.