Само Уставниот суд е единствен надлежен орган да одлучува за престанок на функција на судија на Уставен суд.
Ова е едногласно усвоениот заклучок којшто уставните судии денеска го донеле на работен состанок откако минатата недела Судскиот совет испрати до Собранието известување дека уставната судијка, Добрила Кацарска пред две години ги исполнила условите за старосна пензија како судија во Кривичниот суд.
Секое преземање на било какво дејствие на било кој државен орган, надвор од уставно утврдените основи во членот 111 претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60 годишната историја на постоење на Уставниот суд, не постои случај да престане функцијата уставен судија по основ на остварување на старосна пензија, велат од Уставниот суд.