Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка: Климатските промени ќе го чинат Западен Балкан милијарди долари

0
By Marija Todorovska on July 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 17, 2024 16:56

 Шесте економии од Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за адекватна заштита на граѓаните и имотот од се поштетните влијанија на климатските промени, се заклучува во регионалниот извештај за климатски промени и развој (CCDR) на Светска банка објавен денеска.

Спроведувањето соодветни мерки за одговор на климатските промени може во голема мера да биде од корист за Западен Балкан, регион составен од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Тие инвестиции би помогнале да се избегне загуба на човечки животи, имоти и продуктивност, но и да се стимулира економскиот раст.

Недостигот на акција не е опција за регионот, бидејќи веќе е силно погоден од климатските промени. На пример, во текот на изминатата деценија, поплавите директно зафатија два милиони луѓе, а нивните ефекти дополнително ќе се влошат со појавата на сè поекстремни врнежи од дожд.

Зголемена закана се и шумските пожари, од кои над 1.500 се регистрирани во 2021 година, што одговара на зголемување од 21 отсто во изминатата деценија. Сушите негативно влијаат на земјоделското производство, а топлотните бранови придонесуваат за загадување на воздухот и со тоа предизвикуваат илјадници предвремени смртни случаи годишно во Западен Балкан.

„Климатските промени се јасна закана за економскиот развој на Западен Балкан. Трошоците за инвестирање во адаптација се значителни. Сепак, добрата вест е дека придобивките од тие инвестиции се уште поголеми. Ако се подготвиме за климатски ризици, можеме да спасиме животи, да ги зачуваме локалните заедници и да го стимулираме економскиот раст“, ​​ рече Шаокинг Ју, директор за Западен Балкан во Светска банка.

За постигнување климатска неутралност до 2050 година, во согласност со целите на Европската унија, ќе бидат потребни дополнителни инвестиции од 32 милијарди долари

Западен Балкан климатски промени Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.