НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Албанија во затвор, Белери избран за потпретседател на Комисијата за петиции во Европскиот парламент

0
By Ана Василевска on July 24, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фреди Белери
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По полагањето заклетва како пратеник во Европскиот парламент, Фреди Белери е избран и за потпретседател на Комисијата за петиции во оваа институција.

Минатата недела Белери доби дозвола од Управата на затворите да замине во Стразбур, каде положи заклетва како европратеник, откако победи на изборите на листата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и Нова демократија.

-Им благодарам на колегите за мојот избор за потпретседател на Комисијата за петиции, за што бев информиран во затвор. Тоа е голема чест и уште поголема одговорност за мене како новоизбран европратеник. Наскоро мојата авантура ќе заврши и ќе можам да ги извршувам задачите што ми ги доверија грчките граѓани, изјавил Белери.

Белери издржува затворска казна во Албанија, за изборна корупција, откако беше притворен два дена пред локалните избори, одржани на 14 мај минатата година. Иако во притвор тој беше реизбран за градоначалник, но не положи заклетва во предвидениот законски рок и делумни избори за градоначалник ќе се одржат на 4 идниот месец.

Во меѓувреме, по вторпат, во Судот во Фиер, се одложи рочиштето по неговото барање за предвремено ослободување, бидејќи  издржал  2/3 од двегодишната казна. Адвокатите обвинија дека тоа се прави за да не се дозволи ослободување на Белери до одржување на делумните локални избори за прв човек на Општина Химара.

Албанија Европски парламент Фреди Белери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.