НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битола како Холивуд: По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

0
By Ана Василевска on September 7, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус.
Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот.
– Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, вели Дамевски.
Оваа своевидна „Патека на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом.  Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати  ќе присуствуваат на гламурозната свеченост на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и  годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство.
Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“.
Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, директорот на фестивалот говори за  напорите во неговиот четиригодишен мандат да го промовира и стави фестивалот во фокус на светската кинематограферска фела. Успехот се огледува, како што посочува, во постојаниот раст на бројот на гости на фестивалот и искористувањето на промените што се случуваат во филмската индустрија во последните години.
– Мојата крајна намера е овој фестивал не само да ја одбележува кинематографијата, туку да го сврти и веќе го врти окото на индустријата кон нас. На овој фестивал доаѓале наши медиуми, локални и регионални медиуми. Годинава, првпат ја имаме елитатата на филмската кинематограферска индустрија и светски најпознатите магазини посветени на филмската уметност. Ни доаѓа Бритиш синематографер, кое е едно од двете најголеми списанија, Американ синематографер, најголемото списание, доаѓа Синегрл, главното списание за жени во филмската индустрија, доаѓа Дефинишн магазин. Во моментов преговараме со Варајети кое е најголемото списание за филм во светот, кое досега најблиску во регионот било во Сараево и во Солун. Ни најавија дека ќе дојдат, и преговараме во моментов ако дојдат да има на една страница реклама за фестивалот „Браќа Манаки“. Значи тоа е растот што го правиме, вели директорот на Фестивалот.
Мотото на фестивалот годинава е „Еден е Манаки“. Се отвора на 21 септември, а ќе го донесе кремот на светската кинематографска фела. Во Битола се очекува да пристигнат  17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијацијации.  Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвара филмот „Партенобе“,на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години. Со македонската премиера на  филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори Фестивалот.
Битола иффк браќа манаки Широк сокак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.