На ѕвездената патека посветена на лауреатите на фестивалот „Браќа Манаки“, денеска во 15 часот на Широк сокак беа отворени и ѕвездите на Бруно Делбонел, Питер Бижу и Роби Милер.
Главната шетачка улица – Широк Сокак – засвети уште посјајно! Компанијата „Божиновски часовници и накит“ во соработка со Фестивалот „Браќа Манаки“ го прославува богатото наследство на светската кинематографија со проектот за поставување ѕвезди кои ќе ги обележат имињата на сите досегашни добитници на престижната награда „Златна камера 300“.

Компанијата заедно со организаторите на фестивалот „Браќа Манаки“ секоја година преку бројни проекти се трудат да направат исчекор чија цел е Битола да се трансформира во динамичен културен центар.
„Со секоја нова ѕвезда, градот Битола станува уште поголем дел од глобалната филмска сцена, одразувајќи ја својата посветеност кон уметноста и креативноста. Овие ѕвезди ќе го инспирираат младите таленти и ќе го поттикнат градот да продолжи да биде место каде што се вирее креативноста“, потенцираат од компанијата.
А. В.