НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И нарко картелите горди на Гордана

0
By Marija Todorovska on October 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Почитувана… бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата Прва Дама на Републиката!“, напиша Аќиф Равмановски, што предизвика дополнителни нервозни реакции во јавноста, која потегот го оцени како уште една провокација и  потсмевање со правниот поредок во земјава.

Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк

Додека не стивнуваат острите реакции во јавноста на скандалозните празнични помилувања од претседателката, кога на листата за помилување што таа ја потпиша ( без да знае за кои лица се вработи, според нејзината изјава) се најдоа и членови на нарко кланови и дилери на дрога, меѓу кои најшокантно е помилувањето на припадникот на нарко-клан „Барон“ Аќиф Равманоски, кој како осуденик е осомничен за пукањето во Чаир пред само осум дена со припадник на друга мафијашка група.

Дополнително, масло на огнот долеа самиот помилуван, откако преку социјалните мрежи изрази благодарност до претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

„Почитувана… бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата Прва Дама на Републиката!“, напиша тој, што предизвика дополнителни нервозни реакции во јавноста, која потегот го оцени како уште една провокација и  потсмевање со правниот поредок во земјава.

Трагедијата да биде поголема, помилувањето доаѓа од претседателката Сиљановска Давкова која на позицијата дојде како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, на која како нова власта едно од главните ветувања и беше дека ќе го ослободат Скопје од криминалните банди.

Напорите на некои пратеници од владејачката партија помогнати од партиските ботови да го дезавуираат скандалот, бранејќи го неодбранливото со небулозни оправдувања наведувајќи слични примери во минатото, само дополнително го подрева незадоволството од скандалозниот чин кај граѓаните.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Аќиф Равманоски Барон Гордана Сиљановска Драган Мишев нарко картели помилување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.