Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Се надеваме дека ќе има добра волја за заеднички јазик со македонските историчари

0
By Marija Todorovska on October 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 25, 2024 14:55

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања денеска во Скопје ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата.

Ангел Димитров, бугарски историчар и дипломат, по претпладневниот дел од средбата во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија изјави дека се разговарало околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век, но дека разговорите за ова прашање ќе продолжат на следна средба во Софија за која дополнително ќе се утврди термин. Тој изрази надеж дека ќе има добра волја за изнаоѓање заеднички јазик со новиот состав на историската комисија од македонска страна.

– Започнавме едни долго водени разговори досега околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век. Бидејќи на нашите колеги им треба време за да навлезат во таа проблематика, решивме тоа да го оставиме за следната средба која ќе биде во Софија. Уште не сме го определиле точниот датум, треба да се искоординираме со можностите на сите членови на заедничката комисија. Повеќе не дискутиравме за тие теми за преглед на тие учебници што се за седмо одделение во Република Северна Македонија, но започнавме да работиме на утврдување на протоколи од претходни средби. Со тоа ќе продолжиме и после ручекот, рече Димитров.

На новинарско прашање дали заедничката историска комисија со Бугарија ќе почне со работа од почеток, вели дека ништо не може да почне од почеток и дека досега е завршена многу голема работа.

– Значи ништо не може да се почне од почеток, бидејќи е завршена страшно многу работа и треба да го уважиме трудот на оваа Комисија, рече тој.

За тоа дали ќе најдат заеднички јазик со новиот состав на македонските историчари, Димитров вели дека доколку има добра волја се е можно.

-Се надеваме дека има (добра волја), рече Димитров.

Заедничката македонско – бугарска историска комисија од вчера во Скопје води разговори, први по промена на членовите на комисијата од македонска страна.

Бугарија Димитров историчари комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.