НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија усвои закон со кој се овозможува административна промена на пол и име еднаш годишно

0
By Marija Todorovska on November 1, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Берлин: Во Германија вчера стапи во сила Законот за самоопределување, со кој на граѓаните им се овозможува да го променат своето име и пол еднаш годишно со изјава во матичната служба. Законот овозможува лесна промена на полот во документите за трансродови, интерсексуални и небинарни лица.

Малолетните лица над 14 години ќе можат административно да го променат полот со согласност на родителите или старателите, додека за деца под 14 години изјавата треба да ја поднесат родителите. Во следните 12 месеци по одобрувањето на барањето, нема да биде дозволена нова промена или враќање на претходниот пол.

– Со Законот за самоопределување, едноставната промена на полот и името конечно е реалност, изјави министерката за семејство и млади Лиса Паус.

Германија се приклучи на групата земји што овозможуваат промена на пол и име без медицински уверенија или судски решенија. Слични регулативи постојат во 16 земји, вклучувајќи Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.

Стапувањето во сила на Законот за самоопределување го укинува контроверзниот Закон за транссексуалци од 1980 година, кој налагаше долга процедура и високи трошоци за промена на пол во документите.

Германија закон промена на пол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.