Овогодинешниот „Скопје дизајн вик“ (Skopje Design Week) имаше амбициозна цел, прво да ја разбуди младата генерација, да ги поттикне да размислуваат за она што ги опкружува, и да бидат во тек со времето во кое околностите брзо се менуваат.
Оттаму произлезе слоганот „За новата генерација на Скопје”, а фокус беше велосипедот и сè поврзано со него.
За таа намена беше објавен конкурс и на кој се јавија креативци кои имаат идејни решенија како да го подобрат возењето велосипед во Скопје, но и како тоа да биде побезбедно.
Од избраните решенија, кои се истовремено интересни и функционални беше поставена изложба во просториите на Јавна соба, а истите наскоро ќе добијат свој прототип.