Марк Војгер, поранешен специјален советник за руски и евроазиски прашања на командантот на американската војска во Европа, во интервју за ТВ „Скај Њуз“ вели дека Трамп најверојатно ќе бара „мир заради мир“.
Мислам дека тој би бил подготвен да изврши притисок на Украина за да се постигне мир, а не заради правда и не заради обнова на украинскиот суверенитет, туку за да може да го испорача тоа што го ветил, изјави Војгер.
Доналд Трамп е подготвен да изврши притисок врз Украина да се согласи на договор за прекин на огнот за да и докаже на американската јавност дека може да ги исполни своите ветувања, изјави воениот аналитичар и поранешен американски воен советник.
Трамп во предизборната кампања вети дека брзо ќе ја заврши војната во Украина доколку се врати во Белата куќа, но не објасни како ќе го постигне тоа.
Војгер вели дека секој договор предложен кога од Трамп откако во јануари ќе стапи на претседателската функција, најверојатно ќе дојде како резултат на притисок врз Украина со закана дека ќе ја запре виталната помош, рече Војгер, додавајќи дека Трамп „нема моќ да влијае на однесувањето на Путин“. На прашањето дали смета дека претстојното претседателство на Трамп е штетно за судбината на Украина, Војгер одговори потврдно.
Трамп ќе биде повеќе склон да соработува со автократите, рече тој. „Трамп има автократски инстинкти. Тој е изолационист. Таквото однесување ќе му наштети на НАТО, трансатлантската солидарност и на крајот ќе ги загрози столбовите на меѓународниот поредок каков што го знаеме, рече тој.