Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зајкова за ЦивилМедиа: Не сум многу воодушевена од буџетот и жално е што секогаш проектираме буџети кои имаат централизирана фискална политика

0
By Marija Todorovska on November 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2024 11:43

Зајкова: Можам да кажам дека не сум многу воодушевена од буџетот и жално е што секогаш проектираме буџети кои имаат централизирана фискална политика, а ЛДП е партија која секогаш се бори за децентрализација.

Драган Мишев / ЦивилМедиа.мк

Претседателкатата на Либерално Демократската Партија, Моника Зајкова, во интервју за ЦивилМедиа во одговор на прашањата ги изнесе своите ставови и размислувања за тековните случувања на домашната и меѓународната политичка сцена.

ЦМ: Светска банка излезе со ревидирана проценка дека оваа година ќе ја завршиме  со раст од 1,8%, а идната растот ќе биде 2,5%. Владата на мицкоски проценува раст од 3,8%. Која е проценката на ЛДП и кој е вашиот коментар за историски највисокиот буџет на државата што го проектира вмро – 6,5 милијарди евра.

Зајкова: Можам да кажам дека не сум многу воодушевена од буџетот и жално е што секогаш проектираме буџети кои имаат централизирана фискална политика, а ЛДП е партија која секогаш се бори за децентрализација. Меѓутоа, ова е прв буџет на владата и мора да видиме што тие планираат, врз основа на што ги темелат препозитивните искални проекции, бидејчи треба да имаме предвид доколку тие проекции не се остварат, може да дојде до дополнително влошување на тие параметри.

Според неа, можеби позитивно ќе влијаат инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10, меѓутоа треба да се земе предвид дека растот на БДП е проектиран без да се земат предвид намалените економски случувања во еврозоната, особено во Германија која директно влијае на македонската економија поради извозот. Најверојатно поради овие причини Народната банка и Светска банка направија пониски проекции од она што го проектираа во министерството за финансии.

Зајкова изрази надеж дека ќе биде добро за државата и дека овие проекции ќе се исполнат кои што ги даде министрството за финансии, бидејчи клучните финансиски параметри, како дефицит, јавен долг се искажуваат како процент од БДП, и секое помало остварување на БДП во однос на она што е проектирано од страна на министерството ќе значи поголем дефицит и долг.

Искрено се надевам дека нема да влаземе во таква состојба и дека Владата одговорно знае што прави со ваквите проекции. Добро е за граѓаните да бидат остварливи тие проценки, лошо ќе биде доколку се оди под тие проценки., вели Зајкова во интервјуто за ЦивилМедиа

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

буџет децентрализација Зајкова интервју ЛДП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.