Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски и Ахмети глумат „добар“ и „лош“ – Политичко алиби за дестабилизација или реалност?

0
By Marija Todorovska on November 13, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2024 12:14

Ова што се случува е одраз на одлуките кои доаѓаат од Уставниот суд, но и некои други појави што се случуваат во владата на Мицкоски. Кога ги анализираме последиците, мора да ги погледнеме и причините.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

Политичката реторика меѓу премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција, Али Ахмети се засили.

Во една од средбите со своите партиски структури и активисти, лидерот на интегративците најави дека плоштадите во Скопје ќе се полнат доколку се чепне албанскиот јазик. И покрај обвинувањата на Мицкоски дека ДУИ се обидува да ја дестабилизира државата, Ахмети вели дека самата држава сака дестабилизација.

Причината на овие преписки е одлуката на Уставниот суд да го преиспита Законот за јазиците.

– Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицковски, уште пред 3 месеци најави и предупредуваше на дестабилизација на државата. Ова предупредување на Мицковски секако се темелеше на дејствијата што се случија потоа. Се случи укинувањето на „Балансерот“ од Уставниот суд, но и најавата за преиспитување на законот за јазиците. Овие точки беа и изборна агенда на партијата на Мицкоски. Тој знаеше дека ќе има реакции за овие одлуки и свесно предупреди на сценарија за дестабилизација, вели за „Фронтлајн“, Дритон Зенку – политички аналитичар.

Според него, рефлексиите на граѓаните, ДУИ и Али Ахмети ги канализираа во политичката агенда.

– Ова што се случува е одраз на одлуките кои доаѓаат од Уставниот суд, но и некои други појави што се случуваат во владата на Мицкоски. Кога ги анализираме последиците, мора да ги погледнеме и причините. Не е проблем да се лоцираат причините. Токму предизборната платформа на ВМРО-ДПМНЕ и одлуките на Уставниот суд ја доведоа оваа состојба. ДУИ како опозициска партија постапува согласно создадената атмосфера. Причините и последиците се очигледни, подвлече тој.

Мицкоски вели дека веќе станало навика, Ахмети со воинствена реторика да повикува на немири и нестабилност, но не мисли дека може да успее во тоа бидејќи Албанците, но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што лично го направил тој и неколкумината околу него во изминатите дваесет години додека беа власт.

Во врска со соопштението на ДУИ дека Мицкоски и се заканува на опозицијата, премиерот рече дека не се заканува никому бидејќи тоа е дел од неговиот карактер.

– Во одговор на последните изјави кои ја адресираат ДУИ како фактор на дестабилизација, загрижувачка е леснотијата во користењето на разделувачката реторика и обвинувањата кои во реалноста го удираат мултиетничкиот карактер и еднаквоста во нашата земја, велат од ДУИ.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Ахмети ВМРО ДПМНЕ дестабилизација Дритон Зенку ДУИ Мицкоски Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.