НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милион бегалци со привремен азил под закана поради новите политики на Трамп

0
By Marija Todorovska on November 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави можност да ја укине опцијата за одобрување статус на привремено заштитени лица (Temporary Protected Status – ТПС), кој сега го имаат околу милион луѓе.

Марибел Идалго избегала од родната Венецуела пред една година со својот едногодишен син, патувајќи низ Панама и Мексико, за да стигне во САД. Таа живеела во САД кога администрацијата на претседателот Џо Бајден објавила дека на Венецуелците ќе им биде понуден ТПС, кој им овозможува на луѓето што веќе се во САД да останат и легално да работат, ако нивната татковина се смета за небезбедна.

Луѓе од 17 земји, вклучувајќи Хаити, Авганистан, Судан и неодамна Либан, во моментов ја добиваат оваа помош.

Но, новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс ветија масовни депортации и предложија намалување на издавањето на ТПС што го опфаќаат повеќе од милион имигранти.

Трамп и Венс, за време на кампањата изнесоа неосновани тврдења дека Хаиќаните што легално живеат и работат во Спрингфилд, Охајо, како носители на ТПС, ги јаделе домашните миленичиња на своите соседи.

„Ќе престанеме масовно да го доделуваме статусот на привремено заштитени,“ изјави Венс во октомври на митинг во Аризона.

Најмалку 7,7 милиони луѓе избегале од политичко насилство и економски проблеми во Венецуела.

– Единствената надеж ми беше ТПС. Ме загрижува дека по сето што издржав со син ми за да стигнам овде, ќе ме испратат назад, рече Идалго.

Венецуелците, заедно со Хаиќаните и Салвадорците, се најголемата група корисници на ТПС.

Ова предизвикува голема загриженост, рече Ванија Андре, главен уредник на весникот „Хаитски Тајмс“. – Испраќањето на илјадници луѓе назад на Хаити не е опција. Земјата не е подготвена да се справи со насилството од криминалците и не може да ги апсорбира сите тие луѓе, додаде таа.

Одредбите на секретарот за внатрешна безбедност овозможуваат олеснување до 18 месеци, но во многу случаи се продолжуваат.

Федералните прописи дозволуваат ваквите одредби да се укинат пред истекот, но тоа никогаш не се случило.

Адвокатот Ахилан Т. Аруланантам, кој успешно го оспори обидот на Трамп за укинување на ТПС за неколку земји, нема сомнеж дека новиот претседател повторно ќе се обиде со тоа.

– Можно е некои луѓе во неговата администрација да сфатат дека одземањето на дозволите за работа на повеќе од милион луѓе, од кои многумина живеат во оваа земја со децении, не е добра политика. Но, ништо во биографијата на Трамп не сугерира дека би се грижел за тоа, изјави Аруланантам.

Судовите го блокираа укинувањето на ТПС за Хаити, Судан, Никарагва и Салвадор за време на првиот мандат на Трамп.

Секретарот за национална безбедност на Бајден, Алехандро Мајоркас, потоа ги обнови.

Американскиот парламент го воспостави ТПС во 1990 година, кога во Ел Салвадор беснееше граѓанска војна.

ТПС не е пат кон постојан престој или државјанство во САД, но подносителите на барање може да се обидат да го променат својот статус преку други имиграциски процеси.

азил бегалци Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.