Скопје: „Додека цела Македонија и Балканот гордо го слават историскиот успех на Радмила Шекеринска, која како прва од нашиот регион е избрана за заменик генерален секретар на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска одлучија да останат заглавени во сопствената малодушност“, велат во соопштението СДСМ.
Тие велат дека наместо да честитаат за успехот на една Македонка која го подигна меѓународниот углед на државата, ВМРО-ДПМНЕ молчи како што молчи кога треба да покаже визија, идеја или барем минимална политичка пристојност.
„Радмила Шекеринска не само што ја водеше нашата држава кон НАТО, туку и ја зацврсти безбедноста и стабилноста на Македонија. Нејзиниот избор е признание не само за неа, туку за секој Македонец кој верува дека можеме да бидеме дел од најголемите светски институции“, велат од СДСМ.
„Но, што може да се очекува од ВМРО-ДПМНЕ? Од истата партија која се противеше на НАТО, која шуруваше со антизападни агенди и која, очигледно, не може да поднесе дека успехот не е нивен. Наместо честитка, од нив добивме тишина. И таа тишина зборува гласно – за нивната љубомора, за нивниот страв од секој што е поголем од нивната ситна политика“, посочува СДСМ.
Од СДСМ велат дека Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ вчера пропуштија шанса да покажат дека се на висината на државничките обврски. Наместо тоа, избрале да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема. Па, ако не можат да честитатаат, барем да учат од СДСМ, од нив кои знааат што значи вистинска визија за иднината.