Силите на бунтовниците во Сирија ја презедоа контролата врз најголемиот дел од вториот по големина град во земјата, Алепо, се наведува во извештајот на Сириската опсерваторија за човекови права – SOHR, со седиште во Велика Британија, пишува.
Русија изврши воздушни напади врз делови од Алепо во текот на ноќта кон сабота за прв пат од 2016 година, додаваат набљудувачите. SOHR објави дека повеќе од 300 луѓе, вклучително и повеќе од 20 цивили, биле убиени од почетокот на офанзивата во средата.
Офанзивата е најголемиот напад врз сириската влада во изминатите години и првпат бунтовниците кои се борат против силите на претседателот Башар ал-Асад стигнаа до Алепо откако армијата ги протера во 2016 година. Сириската армија потврди дека бунтовниците влегле во „големи делови“ од градот и дека десетици војници биле убиени или повредени во борбите. Линк
.