НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија: Седми последователен постизборен политички ќорсокак

0
By Marija Todorovska on December 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што се однесува до „Македонија и ЕУ“ или „Рамката и бугарската блокада“, таа тема, освен тука и таму на по некое телевизиско интервју и тоа на водителско прашање, бугарските партиски лидери предизборно, па и постизборно, не ги ни спомнуваат. На темата, нивните ставови се идентични – нема отстапки, нема промена на утврдениот преговарачки формат, посебно не по отстапката што со редизајнираната т.н. Француска рамка ги направи претходниот состав на бугарскиот парламент.

И по седмите парламентарни избори во неполни четири години Бугарија пак е без редовна политичка влада. На октомвриските избори ниту една од политичките сили не освои доволен број пратеници за самостојно или евентуално со уште една партија, да дојде до потребното мнозинство. Бугарските аналитичари прогнозираат дека земјата во мај пак ќе оди на избори, овој пат на осми и пак ќе се со неизвесен епилог.

Засега, и покрај фактот што победникот на последниве парламентарни ГЕРБ на Бојко Борисов кој го врати мандатот, негува надеж дека сепак деновиве би можело да се дојде до некаков меѓупартиски договор за да не се дозволи претседателот Румен Радев да продолжи да владее со времен кабинет со свои министри.

Единствена можна варијанта е некаква сложена широка коалиција на ГЕРБ на Бојко Борисов, Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Има таков народ на Слави Трифонов кои заедно имаат 124 од вкупно 240 пратеници во Народното собрание

Инаку, потсетуваат и бугарските медиуми, формирањето влада е нешто што е посакувано од голем дел од бугарското општество. На тоа упатуваат и анкетите. Се` помалку граѓани во Бугарија се заинтересирани да излезат на избори.

Но меѓу партиските анимозитети, не и идеолошките, туку токму меѓу партиските, пред се, амбивалентните идеолошки варијации кај клучните политички партии, се толку изразени што место за оптимизам за формирање влада засега нема. Имено ГЕРБ и Борисов се добри пливачи во немирните меѓународни води меѓу Истокот и Западот. Во Бугарија велат дека од тој аспект „Гербаџиите“ не можат да се фатат ниту за глава ниту за опашка. Гласачите се збунети од честите варијации на ГЕРБ и на Борисов на линија Вашингтон или Москва па оттаму, оценуваат, се и изборните инклинации на изборните резултати на партијата. Односот на ГЕРБ спрема Брисел и ЕУ е таа рамка што партијата сепак сеуште највисоко котира на бугарската политичка сцена.

Што се однесува до партијата Промените продолжуваат на Кирил Петков и Асен Василев, тука дилеми нема. Бугарските граѓани знаат дека Западот е нивната главна ориентација но во Бугарија, и по толку години членство во ЕУ и во НАТО, западната опција во бугарското општество тешко се пробива.

Третата од четирите клучни партии, Има таков народ на шоуменот Слави Трифунов е микс од проевропска и происточна и тоа повеќе врз програмска отколку врз некаква идеолошка матрица. На петтите парламентарни избори пред три години Има таков народ дури стана водечка партија според изборните резултати, но лидерот Трифонов како да немаше храброст да ја преземе власта, да ја предводи владата па на шестите избори партијата беше речиси пред распад поради скромниот изборен резултат но, еве, на октомвриските лани ја поврати изборната кондиција и го освои третото место од довербата на бугарското гласачко тело.

Четвртиот играч е партијата Преродба, класична московска идеологија со анти-ЕУ и анти-НАТО стратегија која тешко дека некому од погоре спомнатите партии може да му биде коалициски партнер.

Уште неколкуте поситни политички партии во Бугарија кои само го до сегментираат гласачкото тело се без посебно влијание на моќ на темата формирање влада но, се разбира, понекогаш два или три пратеника од овие партии би можеле да бидат клучот за владин мандат.

Сѐ на сѐ, Бугарија и по седмите последователни парламентарни избори по кои ниту еднаш не успеа да направи влада која би издржала четиригодишен мандат, еве пак е пред нови. Овој пат пред осми вонредни избори кои, доколку наредниве денови или наредниве недела две, не се случи чудо и четирите, или барем првите три политички партии не се договорат за влада, земјата некаде во мај следната година ја чекаат нови избори.

Дотогаш претседателот Румен Радев ќе продолжи да „царува“ со бугарската политичка сцена и тоа извесно до крајот на својот втор претседателски мандат.

Што се однесува до „Македонија и ЕУ“ или „Рамката и бугарската блокада“, таа тема, освен тука и таму на по некое телевизиско интервју и тоа на водителско прашање, бугарските партиски лидери предизборно, па и постизборно, не ги ни спомнуваат. На темата нивните ставови се идентични  –  нема отстапки. Нема промена на утврдениот преговарачки формат, посебно не по отстапката што со редизајнираната т.н. Француска рамка ги направи претходниот состав на бугарскиот парламент.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Бугарија избори Румен Радев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.