НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Елиот Нес од нашиот сокак

0
By Marija Todorovska on December 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изјавите од политичари на власта дека се отворени истраги за лица, кои се груба клевета потврдени со демант од обвинителството, го доведуваат под сомневање целиот спектакулрен полициски филм.

Ерол Ризаов 

Во ек е големо воодушевување на јавноста во Македонија. Специјална бригада на полицијата, предводена од нашиот Елиот Нес, како во Чикаго во триесеттите години од минатиот век, жестоко тргна во војна против мафијата. Фрчат конференции за медиумите, изјави во директен тв-пренос, вријат социјалните мрежи, ечат на сите страни фалби на новите власти за големите успеси. Се апсат мафиози и нивните босови, убијци, корумпирани политичари, терористи, криминалци од сите бои. Сите во ист кош. Се претресуваат станови, откриени се големи износи на пари. Тревога и во подземјето и над земјата.

Граѓаните конечно можат да здивнат. Бандите со бели и со црни крагни, што го ограбувале народот со години, премрени од страв се во глувчешка дупка. Прашање на денот е кога и Ал Капоне и дон Корлеоне со лисици на рацете ќе завршат зад решетки. Власта снима криминален трилер во живо. Почна ли ерата на владеење на правото и крај на организираниот криминал и корупцијата? Претходниот обид со Специјалното јавно обвинителство, што влеваше големи надежи, заврши со тежок пораз. Овојпат очекувањата се уште поголеми какви што ќе бидат и разочарувањата ако е ова уште еден политички пропаганден филм со фијаско на крајот.

Кои се причините за еден ваков сомнеж, кога општиот впечаток е дека полициските акции се успешни и апсењата се евидентни? Прво, што е невообичаено, е кога политичари јавно и нагласено најавуваат како реклами за големи попусти на црн петок дека ќе има апсења и дека се обезбедени докази. Премиерот и министри соопштуваат вести за успеси на полицијата. За покренување на истраги на пранешен премиер и министер, експресно стасуваат и деманти од скопското јавно обвнителство дека тоа не е точно. Во медиумите се соопштуваат имиња на уапсените. Пресумцијата на невиност во Македонија одамна не постои. Ова во суштина е големо олеснување во судските постапки против осомничените, кога ќе се повикаат на тоа дека медиумското обвинување од политичари пред тоа да го направат надлежните институции е пресметка која ја режирала политиката.

Апсења со барабани не даваат резултат

Изјавите од политичари на власта  дека се отворени истраги за лица, кои се груба клевета потврдени со демант од обвинителството, го доведуваат под сомневање целиот спектакулрен полициски филм на Елиот Нес од нашиот сокак.

Во земјите каде владеењето на правото се темел на системот, редоследот на настаните е сосема обратен од она што сега се прави во Македонија. Клучната работа на истрагата која се одвива во најголема тајност е да ги обезбеди сите потребни докази пред да се даде налогот од обвинителот за апсење. Но кога и тоа ќе се случи, политичарите не даваат изјави сѐ додека не паднат судските пресуди.

Ова што сега се случува во Македонија повеќе наликува на една голема претстава за успешна пресметка со организираниот криминал и високата корупција, која на крајот ќе заврши како издишан балон, со победа на мафијата. Во моментот, на власта тоа и не ѝ е многу важно. Пресудно е да се крене голема тензија во јавноста дека за само неколку месеци најавите и ветувањата од предизборните кампањи  ќе се остварат со историски  постигнувања во сузбивање на носителите на криминалот и корупцијата.

По апсењата ќе следува долгиот пат на судските процеси, кои, нели, не се во надлежност на владите и политиката. Ако има уште некој што верува во тоа. Тогаш пак ќе ги слушаме приказните од оваа власт, или некоја друга, за корумпираните обвинители и судии, за застарени случаи, за неказнивост на криминалците, за неодземени имоти, за бегства во странство, за исплатилвост од ризиикот за корупција и сѐ она на што во изминатите децении бевме сведоци. Апсењата со барабани за големите успеси така завршуваат.

Што ќе однесе и донесе премиерот во својот куфер

Второ нешто што секогаш при вакви акции боде очи е дали во земјата се случува нешто што треба да се прикрие и да се отргне од вниманието на јавноста? Денес премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски е во Брисел, каде што се одржува редовниот самит ЕУ-Западен Балкан, каде во „својот стандарден куфер со стандардни аргументи на македонската влада“, како што вели тој, ги носи добро познатите ставови. Добро, тоа го знаеме, а знаеме и што ќе донесе назад во татковината во истиот стандарден куфер со исто така добро познатите ставови на ЕУ.

Премиерот Мицкоски пред да тргне на пат за Брисел побрза да  ја прати својата порака до бриселските бирократи, но уште повеќе за домашната јавност: „ЕУ мора да се врати на старите шини кои се темелот на мерит системот“, што значи на секого да му се одреди успехот според достигнувањата. И го повтори својот добро познат став дека „ако треба да решаваме прашања од 11 и 12 век и тие да ни се пречка, тогаш никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“. Аууу, што е убаво да се чуе кај нас, како мевлем на душата, како нашиот храбар премиер со големо достинство и гордост го кажува и ни го крева патриотизмот. Во ЕУ тоа многу ќе ги заболе.

Премиерот Мицкоски  веќе им кажа дека ЕУ не знае каде оди. Останува уште ние да го прашаме, а дали знае тој каде ќе оди Македонија, освен на избори наредната година? Која е понудата за иднината на Македонија? Кога ќе ја симне самоблокодата за продолжување на преговорите со ЕУ? Особено сега, кога станува изгледно дека конечно наредните неколку години ќе има проширувањае и прием на нови членки. Имаат ли нашиот премиер и владата визија што ќе се случува со Македонија ако не продолжат преговорите со ЕУ и не се остварат реформите кои ниту една земја од новите членки не успеаја да ги завршат сами, без стручна и финансиска поддршка на Европа.

Колку е силен нашиот ултиматум Бугарите да не влезат во Уставот додека не станеме членка на ЕУ? Или пак и натаму за Мицкоски поважни се локалните избори наредната година? Со Бугари во Уставот може да загуби некое градоначаничко место, што секако е поважно од членството во ЕУ. Или, можеби стравот е владата сериозно да се зафати со спроведување на тешките реформи, кои се непопуларни не само за јавноста, туку и за многу моќни центри во земјата кои добро ги знаат последиците за со години незаслужени привилегирани позиции кои сед губат со приближување кон ЕУ.

Конечно, зошто се игнорира фактот дека во преговорите со ЕУ се содржани определбите на сите влади и релевантни политички партии и собраниски декларации во Македонија? Почнувајќи од владеење на правото, борбата со организираниот криминал и корупција, економските реформи, до образованието, здравството, земјоделството и сѐ она што е ветувано во предизборните кампањи и никогаш не е остварено.

Ако се бега од овие стратегиски државни и национални интереси, добредојдени се спектакуларни апсења, јавни прозивки, закани за отворени лажни истраги и ставање во исти кош на политички противници со терористи и криминлаци.

Текстот е сопственост на Дојче Веле 

апсења Елиот Нес ЕУ полициски акции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.