НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РЕК Битола се излади – трите блока запреа со производство на струја

0
By Marija Todorovska on December 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

РЕК Битола денеска целосно излезе од електричната мрежа и не произведува струја. Според информациите од ЕСМ, првично се појавил проблем со вториот блок, а кратко потоа истиот проблем го погодил и првиот. Причините за оваа ситуација се уште се истражуваат. Се очекува дека процесот на повторно вклучување на ТЕ Битола 1 ќе започне во текот на денот, а потоа ќе следи и активирање на ТЕ Битола 3, која не беше во функција последните неколку дена според производствените планови.

Пред околу две недели, директорот Петрушевски објави дека успеале да го вклучат и третиот блок, но само по неколку дена, тој бил повторно исклучен поради неуспешен ремонт.

На прашањето дали ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со струја, Мицкоски не понуди конкретен одговор, но изрази надеж дека ситуацијата ќе се реши со помош на РЕК Битола. Премиерот додаде дека се очекува стабилизација на производството, но истовремено предупреди дека ќе има предизвици.

Во пресрет на грејната сезона, најавено беше дека РЕК Битола ќе работи со два блока во зимскиот период, а ако се обезбедат потребни количини јаглен, третиот блок ќе се вклучи. Сепак, овие планови се со потешкотии во реализацијата.

За да ги покријат домашните потреби, ЕСМ е принуден да набавува електрична енергија од пазарот. За декември, компанијата потрошила околу 20 милиони евра за купување струја, што е приближно исто колку и загубата за месецот.

 

 

ЕСМ Мицкоски РЕК Битола струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.