Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмоќни патни исправи во светот: Македонскиот пасош на 40. место, најмоќен има Сингапур

0
By Marija Todorovska on January 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 9, 2025 09:44

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс.

Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку земји може да се влезе со него без виза.

Северна Македонија го дели 40. место со Црна Гора и Маршалските Острови. Од регионот најдобро позиционирани се Грција на шестото и  Словенија на 10 место. Хрватска е на 11-то, Бугарија е 15-та, Србија 34-та. Пасошот на Албанија е на 43 позиција, на Босна и Хрцеговина на 44, а на Косово е 63-ти.

Најмоќниот пасош во светот го има Сингапур, бидејќи овозможува патување без визи во вкупно 195 од 227 држави и територии ширум светот. Втор е јапонскиот пасош (193 земји), на третото место се Финска, Франција, Германија, Италија, Јижна Кореја и Шпанија (192), на четврто се Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска (191), на петото се Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и Велика Британија (190), шести се патните исправи на Австралија и Грција (189), седми Канада, Малта и Полска (188), а осми на Чешка и Унгрија (187). Американската патна исправа е на деветото место, што го дели со Естонија, чии граѓани без виза можат да патуваат во 186 земји, а листата на топ 10 најмоќни пасоши ја заокружуваат Летонија, Литванија, Словенија и Обединетите Арапски Емирати.

На дното на листата се Ирак чии граѓани можат без визи да патуваат во 31 земја, Сирија – во 27 и Авганистан – во 26 земји. 

виза пасош патување Сингапур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.