НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на западните медиуми за предлогот на Трамп за преселување на Палестинските од Газа

0
By Marija Todorovska on February 6, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа на друго место, неговиот однос со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и отпуштањата на федералните службеници се меѓу главните моменти во западниот печат.

Додека седеше до претседателот Трамп во вторникот, Нетанјаху носеше насмевка на лицето што ретко се гледаше за време на претходната администрација, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“. И не можеше да биде поинаку – доби речиси се за што дојде во Вашингтон, додава изданието. Според него, присуството на Нетанјаху во Белата куќа е знак за тоа колку се е променето, бидејќи поранешниот американски претседател Џо Бајден му беше домаќин на Нетанјаху само во јули минатата година, повеќе од 18 месеци по почетокот на последниот мандат на Нетанјаху и шест месеци пред крајот на неговиот.

Спротивно на тоа, Трамп го направи Нетанјаху првиот странски лидер поканет откако ја презеде функцијата пред нешто повеќе од две недели, забележува Њујорк Тајмс. Изданието додава дека е „донекаде надреално да се слуша како Трамп постојано жали за смртта и уништувањето на палестинскиот народ во Газа додека седи до премиерот кој ја нареди војната, во која според здравствените власти во Газа загинаа 47.000 луѓе“.

Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека политичките и безбедносните импликации од насилното прифаќање на голем број луѓе од Газа во други арапски земји би биле силна противтежа дури и на најагресивните закани од Белата куќа. Изданието забележува дека Трамп ги дал своите коментари на почетокот на преговорите за втората фаза од мировниот договор во Газа и тие изразиле загриженост дека преговорите се загрозени.

Според весникот, предлогот на Трамп е поблизок до империјалното размислување на САД од средината на 19 век отколку „до ерата на изолационизмот што се чинеше дека го најавува неговиот избор“. Гардијан додава дека има многу опасности во визијата на Трамп, но краткорочната е дека радикалната група Хамас ќе ја смета изјавата на Трамп како причина за повлекување од процесот на прекин на огнот, вклучително и планираната размена на заложници.

Британскиот весник, „Телеграф“, анализира за прашањето дали, од правна гледна точка, САД можат да ја преземат контролата врз Газа.

Според весникот, плановите на американскиот претседател ќе се соочат со големи правни пречки според основните принципи на меѓународното право. Изданието забележува дека овие меѓународни закони, утврдени во Виенските конвенции од 1969 г. и 1986 година, строго забрануваат насилно пренесување на населението, анексија на територии со сила и негирање на правото на народот на самоопределување. Од државите се бара не само да избегнуваат прекршување на овие основни правила, туку и да ги спречат другите да го прават тоа, пишува „Телеграф“ и го дава примерот со руската анексија на Крим во 2014 година, која меѓународната заедница во голема мера одби да ја признае и напротив одлучи да воведе санкции.

Сепак, не е јасно какви активности би преземале земјите во пракса против САД, со оглед на нивното влијание како глобална сила и водечка западна економија, додава весникот.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ забележува дека во првите две недели од мандатот на Трамп, демократите изгледале шокирани од неговите постапки за промена на федералната бирократија. Според изданието, тие „се   против неговите авторитарни постапки и како тој со булдожер ги уништил парапетите на демократијата“.

Во последните денови, сепак, тие се обединија околу нова цел, чие име не е Трамп, туку Илон Маск, пишува изданието. Обидот на демократите да испорачаат обединета порака што ќе го привлече вниманието на американскиот народ доаѓа во мрачно време за нивната се понепопуларна партија, но тие имаат малку вистински лостови на моќ, бидејќи Републиканската партија има целосна контрола врз двата дома на Конгресот и Белата куќа, наведува Вашингтон пост. Активистите од редовите на демократите се фрустрирани од неспособноста на нивната партија да стори повеќе откако Трамп и Маск ги започнаа своите масовни напори да ја намалат федералната работна сила и да ги уништат федералните агенции, додаваат од весникот.

„Волстрит џурнал“ пишува и за кратењата на Трамп, кои го „фрлија ФБИ во хаос“. Според весникот, повеќе од десет федерални обвинители кои работеле на истраги за Трамп добиле мејлови во кои пишувале дека се отпуштени затоа што не може да им се верува да ја спроведат агендата на претседателот. Изданието ја цитираше Стејси Јанг, адвокатка од Министерството за правда, која се пензионираше минатиот месец, која рече дека претставници на администрацијата на Трамп „објавиле војна на сопствената работна сила“.

газа западни медиуми Нетанјаху Палестинци Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.