НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помош за ранливи потрошувачи на енегија: Субвенции за намалување на сметките за струја до 1.000 денари месечно

0
By Marija Todorovska on February 17, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата, која ќе биде спроведувана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регулаторната комисија за енергетика, предвидува комплексни мерки за олеснување на трошоците за енергија и подобрување на квалитетот на живот.

Програмата утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. Финансиската поддршка е насочена кон домаќинства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со деца со попреченост, како и згрижувачи на лица во социјален ризик. Секое од овие домаќинства, доколку ги исполнува критериумите, ќе може да добие субвенции за намалување на месечните трошоци за електрична енергија во износ од 1.000 денари месечно.

Ослободувањето од дел од сметката за струја ќе се применува во текот на 12 месеци, а за оваа поддршка граѓаните ќе може да аплицираат со поднесување барање до Министерството. Јавниот оглас за пријавување ќе биде објавен наскоро на официјалната веб-страница на Министерството www.energy.gov.mk, како и во два дневни весника.

Програмата е донесена на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а вкупниот буџет за нејзино спроведување изнесува 60 милиони денари. Со оваа Програма се предвидуваат следните мерки:

· Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија, која ја спроведува Министерството за социјална политика. Околу 40.000 домаќинства ќе добиваат паричен додаток за покривање на дел од трошоците за енергенси во периодот од октомври до март. Дополнително, корисниците имаат право на забрана за исклучување од мрежата во месеците декември, јануари и февруари, право на одложување/реструктуирање на неплатени долгови. Приоритет при поправки на мрежата и ослободување од трошоци за повторно приклучување.

Намалување на сметките за струја за 1.000 ден./ месечно (12 месеци) за:

· Домаќинства со деца со попреченост, ако вкупниот месечен нето доход на домаќинството во 2024 година не го надминува следниот износ:

o 42.000 денари за домаќинство со два члена

o 60.000 денари за домаќинство со три члена

o 80.000 денари за домаќинство со четири или повеќе члена

· Згрижувачки семејства – За нив, горната граница на месечен нето доход е зголемена од 80.000 до 160.000 денари, во зависност од бројот на згрижените деца, при што посебниот додаток за згрижување не се пресметува во оваа сума.

Програмата предвидува и важни рокови и обврзувања, односно поддршката ќе престане доколку корисникот не плати две последователни сметки, сите корисници се должни да ги плаќаат преостанатите износи на сметките навреме.

ранливи семејства сметки струја субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.