НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште една „статива“ на Николовски: Визер ја укинува авиолинијата Скопје – Будимпешта

0
By Marija Todorovska on February 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можеби во Будимпешта процениле дека со унгарскиот кредит, македонските граѓанки и граѓани веќе немаат потреба да летаат со нискобуџетни авиокомпании.

Драган Мишев

„Многу сум горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на подршка на субвенционирање. Претходно за жал двата аеродроми тонеа неколку години, а пред тие години беа шампиони во регионот. Од ситуација на шампиони дојдовме до ситуација да тонат, но мислам дека се повторно ќе го вратат стариот сјај. Имаме 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнавме оваа процедура, изјави кон крајот на Јануари 2025 година вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој додаде дека очекува оваа политика на финансиска подршка да го зголеми квалитетот и бројот на патници на домашните аеродроми.

Ууупс…

Утрово не само ниските минусни температури и замрзнатите цени го фрапираа вицепремиерот. Студениот сабајлечки туш дојде од неколку македонски медиуми кои на своите страници објавија дека унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ од 9 март ја укинува линијата Скопје–Будимпешта, без официјално објаснување дали ќе ја врати во октомври.

Од утрово, на страницата за резервации на авиокомпанијата, веќе не може да се купат карти за главниот град на Унгарија по 9 Март.

Инаку, ова е седма укината линија во последната година откако министерот за транспорт „ со гордост“ вети дека повторно ќе го вратии стариот сјај на двата македонски аеродроми. На 9 -те  нови авиолинии за само пет месеци со кои се пофали Николовски, има седум помалку, по Салцбург, Бремен, Келн, Копенхаген, Стокхолм-Скавста и Луксембург, еве сега од листата на тестинации ја снема и Будимпешта.

Вицепремиерот и министер за транспорт, никако да сфати дека прво треба да скокне, па да рече – ОП.

ЦИВИЛ Медиа веќе еднаш упати повик да му се помогне на министерот Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил небото над Македонија, откако помпезно најави дека од аеродромите во Скопје и во Охрид, со нискобуџетната Визер ќе се лета до 4 (четири) нови дестинации: три од скопскиот аеродром, до Барселона, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром Николовски најави лет со Визер до Базел.

Несреќниот Николовски,  само што најави три нови летови од скопскиот аеродром со компанијата Визер напролет, а унгарската нискобуџетна авио-компанија веќе со стапување на сила на зимскиот распоред укина три авиолинии,  три авиолинии од Скопскиот аеродро: за Келн, Копенхаген и Стокхолм.

Или, математички прецизно, како што милуваше да мудрува премиерот и шеф на Николовски:

3 – 3 = 0 нови авио линии на Визер од Скопје.

Несреќниот Николовски навистина нема среќа. Или можеби не е до среќата. Можеби во Будимпешта процениле дека со унгарскиот кредит, македонските граѓанки и граѓани веќе немаат потреба да летаат со нискобуџетни авиокомпании. Како и да се сврти, сите авиолинии (не)водат кон Будимпешта.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Визер Николовски Скопје - Будимпешта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.