По пресудата со која Милорад Додик беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на јавна функција, тој се обрати на митингот на неговите поддржувачи, пишува Нова.рс.
Во долгиот говор на митингот, претседателот на РС извикувал и ги пцуел властите во БиХ и ги пофалил оние што го поддржуваат.
Во еден момент извикал „Да живее Александар Вучиќ!“.
Додик изјави и дека Вучиќ и Орбан го контактирале веднаш по пресудата и дека тој го поканил Вучиќ да дојде во Бања Лука.
Вучиќ нека дојде утре во Бања Лука за да се договориме што ќе правиме и како ќе направиме. Од денеска нема повеќе Босна и Херцеговина! Ви нудиме уставна БиХ – накратко. Собранието ќе одлучи да ја отфрли пресудата. „Ќе донесеме закон за забрана на Обвинителството и Судот во БиХ, закон за забрана на Високиот судски и обвинителски совет (ВССС) на ниво на БиХ, како и закон за забрана на работата на СИПА и ОСА“, рече Додик на митингот.
„Осуден сум на нивните гомна една година, на нивниот затвор. Велат дека сум виновен, а сега овие луѓе ќе ви кажат зошто не сум виновен“, рече Додик, кој излезе на сцената со поголема група луѓе, меѓу кои и адвокатот Анто Нобило.