Денеска се одржува масовниот протест под називот „Студентски едикт“ во Ниш. Протестот започна утрово во 9 часот. Собирот траеше до 11 часот, а учесниците на протестот потоа тргнаа на протестна прошетка до плоштадот Крал Милан, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на жртвите од уривањето на настрешницата. Ова го означи почетокот на официјалната протестна програма, која е предвидено да трае до три часот по полноќ.
Студентите следниот голем протест го највавуваат во Белград на 15 март.